Две деца заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница


Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Тие по реакција на граѓани биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Од МВР го потврдуваат случајот, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

Се уште не е познато колку време и зошто биле оставени децата сами во атомобилот.