Катица не се гледа со Боки 13, но и со оние што ги притвори


Катица Јанева вчера за кратко го напушти истражниот затвор во Шутка каде што доби триесетдневен престој поради вмешаност во случајот „Рекет“. Со полициска придружба, беше однесена во родната Гевгелија каде што се вршеше погреб на нејзината мајка, која почина дента кога ќерка ѝ беше уапсена. Јанева стигнала само до капелата. Според информациите, таму ѝ се […]

Заев ги потврди новите имиња во владата: Ангеловска од „Групер“ ќе биде министер за финансии


Претседателот на СДСМ и премиер на владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вечерва потврди дека Централниот одбор на СДСМ, на денешната седница, дека утре ќе ја предложи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии. Премиерот по денешната седница на ЦО на СДСМ најави дека утре […]

Заев: Секој што се огрешил пред законот треба да одговара, овозможивме услови за независен правосуден систем


Секој што се огрешил од законот треба да одговара. Горди сме дека како извршна власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото. Да покажеме дека Северна Македонија се менува со тоа што никој повеќе не прави влијание и притисок ниту врз обвинители, ниту врз судовите, тие носат самостојни […]

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор


Кривичниот суд и ја отфрли жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија за МИА од Кривичниот суд. Судот синоќа одреди триесетдневен притвор за специјалната јавна обвинителка Јанева. Притворот го бараше Јавното обвинителство поради основано сомнение дека Јанева ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист. Судијата […]

Капиштец ќе се поднови со „Киро Глигоров“ – Модерно училиште за модерни генерации


Околу 250 ученици од прво до петто одделение од септември ќе учат во новоизграденото основно училиште во Општина Центар, „Киро Глигоров“. Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар, кога со донација од швајцарската влада по катастрофалниот земјотрес било изградено училиштето „J.X. Песталоци“. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба […]

СДСМ и ДУИ ќе договараат заменик-министри


  Веста за огласот за вработување на советник на дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство само за кратко време подгреа сомневања дека и владејачката гарнитура можеби почнала да подготвува терен за предвремени избори, на што посебно инсистира опозицијата по избувнувањето на аферата „Рекет“. Од Министерството за земјоделство вчера информираа дека поради техничка […]

Дескоска: Ако нема закон за обвинителство – имаме друга опција


Изгласувањето на законот за обвинителство ќе биде посебен предизвик затоа што гласови и поддршка треба да добиеме од лица што се осомничени или обвинети за кривични дела, или од политички партии против чии членови на раководства се водат судски постапки. Камен на сопнување во преговорите со опозицијата воопшто не е Катица Јанева бидејќи нејзиниот мандат […]

Мебел од 5.000 евра ѝ пресуди на Катица


Иако јавноста очекуваше, сепак, вчера попладне беше помалку изненадена од веста дека по наредба на првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, е приведена шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“. Таа е осомничена дека прифатила влијание за олеснување на положбата на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“. Поточно за […]

ОЈО и Антикорупциска во јојо-ефект


Експретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, против кого е поднесено обвинение за давањето насоки кој предмет кај кој судија да се додели, куртули од кривично гонење за пропусти при вработувањето на својот внук на позицијата помлад судски соработник. Иницијативата поднесена од Антикорупциска, како што информираа од Основното јавно обвинителство, е отфрлена со образложение дека делото […]

Катица Јанева 30 дена во притвор


Триесетдневен притвор е одреден за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист. Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се […]

Димитров: Да се обезбеди атмосфера за расчистување на „Рекет“


Да се обезбеди една политичка и јавна атмосфера да се обезбеди простор за една темелна, вистинска непристрасна истрага за да се расчистат валканиците што излегоа на виделина, побара шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервју за ТВ21. Тој нагласи дека истрагата треба да биде целосна, непристрасна, да нема човек над законот, без разлика на каква […]

Павлески смета дека Јанева е жртва на случајот, во Кривичен пристигна возило на брза помош


Катица Јанева е жртва на случајот „Рекет“ и таа тоа ќе го докаже, изјави денеска адвокатот Стеван Павлески, при присигнувањето на Кривичен суд, каде треба да почне процесот за одредувањето мерка притвор за специјалната јавна обвинителка, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична […]

Заврши претресот кај Јанева во Козле, се очекува да пристигне во Кривичен суд


Мебел изнесе од домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Козле, откако таа таму беше вратена со полициска придружба по претресот извршен во нејзината канцеларија во Специјалното јавно обвинителство. При претресот во СЈО со налог е одземен нејзиниот компјутер. Засега нема информации зошто Јанева од СЈО е вратена во домот во Козле, по што […]

УЈП влегува во фирмите поврзани со „Рекет“


Управата за јавни приходи влегува во фирмите поврзани со случајот „Рекет“. Од петок ќе го проверува работењето на фирмите „БМЈ медиа груп“, „Меѓународен сојуз“ и телевизијата „1 ТВ“. „Ние ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците, до петок ќе дадеме налози за отпочнување на контрола и во ‘Меѓународниот сојуз’ , во ‘1 […]

Јовески: Имаме докази дека Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари


Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за […]

Обвинителството бара притвор за Јанева


Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за […]

Јанева со полициска придружба донесена во СЈО


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево со полициска придружба е донесена во СЈО, откако беше приведена во нејзиниот дом во Скопје. Пред влезот на СЈО се припадници на полицијата, а на паркингот е паркирано полициско комбе. Влез во зградата на СЈО во моментов не е дозволен. Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на […]

Се приведува Катица Јанева


Голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева, јавува Телма. Како што дознава телевизијата во тек е приведување на специјалната обинителка која вчера даваше исказ пред Обвинителството за случајот „Рекет“.

Дескоска: Катица не е проблемот за новиот закон за обвинителство


Донесувањето на законот за обвинителство ќе биде посебен предизвик затоа што гласови и поддршка треба да добиеме од лица кои се осомничени или обвинети за кривични дел или од политички партии против чии членови на раководства се водат судски постапки. Камен на сопнување во преговорите со опозицијата воопшто не е Катица Јанева, бидејќи нејзиниот мандат […]

Времето најголемиот сојузник на Јанева: Бидете трпеливи, ќе има судење


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева влезе и излезе како сведок од кај својата колешка, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Десетици новинарски екипи ја чекаа за да одговори на многубројните прашања што се отворија по аферата „Рекет“ и снимките што беа објавени во италијанскиот весник на кои се гледа како […]