Skip to content

30/07/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

СОНК и МОН на иста страна за наставниците, на различна за штрајкот

02/09/2019 07:45

Ако почетокот на второто полугодие во јануари беше неизвесен поради ширењето на малите сипаници или загадениот воздух во големите градови, стартот на новата учебна 2019/2020 година за 260 илјади средношколци и основци, меѓу кои 20 000 првачиња, е доведен во прашање од СОНК.

Синдикатот за образование, наука и култура вчера соопшти дека ја активира одлуката донесена на 23 август да организира предупредувачки штрајк на првиот училишен ден (2 септември) и наставата да почне наредниот ден (вторник) зашто во изминатата недела со МОН не постигнале заемно прифатливо решение околу платите на наставниците.

СОНК: Платите на наставниците да се усогласат со минималната плата

СОНК не се согласува со 5 отсто покачување на платите, кои наставниците ќе ги добијат со платата за септември, и бара да бидат повисоки за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 отсто. СОНК очекува преговори со МОН до крајот на месецов за да се усогласат, а ако нема напредок можно е да организира генерален штрајк.

-Нашиот синдикат  ќе штрајкува. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште, рече Неделков, додавајќи дека не е нивна надлежност да укажуваат или апелираат до родителите дали да ги пуштат децата на училиште. Но која е причината, рече, да ги пратат на училиште кога ќе нема кој да ги прифати. Додаде и дека СОНК нема да биде одговорен за евентуални последици по здравјето и безбедноста на учениците што ќе дојдат на настава.

Ресорниот министер Арбер Адеми, пак, ги повика директорите и наставниците да се подготват за денешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи.

На прес-конференција тој порача дека ќе продолжи дијалогот со СОНК за заедно да ги дефинираат сите идни системски мерки за подобар квалитет на наставата и материјалниот статус на наставниците. Притоа нагласи дека МОН е на страна на образовната дејност и на наставниците, а доказ за тоа, рече, е што за 10,8 отсто е повисока нивната плата во септември 2019 во однос на август 2018 година, со двете покачувања од по 5 отсто лани и оваа година во септември.

-Со СОНК сме на иста страна кога се рабиоти за материјалниот статус на наставниците за кои предвидовме и кариерен развој и унапредувања со новиот Закон за наставници и стручни соработници. Но нема причина за организирање штрајк. Го почитуваме правото на штрајк, но наше е да апелираме дека нема потреба. Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние нудиме и имаме решение и одлука за повисока плата, рече Адеми, додавајќи дека откако ќе се разгледаат сите параметри во Буџетот ќе се знае и за можностите за идно покачување на платите.

Заев: Не разочарувајте ги учениците на првиот училишен ден 

Најавата на СОНК  за штрајк беше и во дискусиите на опозициските пратеници на собраниската седница на која викендов беа избрани нови членови на Владата. Тие обвинија за ниски плати во образованието, а премиерот им одговори дека тие се зголемуваат и би биле поголеми доколку владата не морала да враќа долгови. Заев ги повика наставниците да не ги разочаруваат учениците со штрајк на првиот училишен ден  кога ќе ги добијат и новите 5 проценти повисока плата.

-Тие се учители на нашите деца и треба да се на настава. Секако, правото на штрајк ќе го почитуваме. Верувам дека овие денови синдикатот ќе продолжи да разговара со министерот за образование, стојам и јас на располагање. Желбата кај нас постои. Сè што можеме ќе направивме. Можевме наместо да плаќаме огромни долгови што ги наследивме, да делиме повисоки плати, истакна Заев.

Во образованието во 2018 година, рече, платите се зголемени за  5 отсто, а од 1 септември 2019 за нови 5 отсто, што, рече, кумулативно е 11 отсто.

-За 11 години немате толку зголемување на платите. Во 2017 затекнавме 20.500 денари плата. Потоа таа стигна 21.600  со покачување и сега со ова зголемување ќе биде 22.800 денари. Продолжуваме и натаму да изнаоѓаме ресурси за зголемување на платите, истакна претседателот на Владата завчера од собраниската говорница.

Новата учебна година со нов Закон за основното образование

Новата 2019/2020 почнува со нов закон за основното образование кој се подготвуваше уште од почетокот на 2018 година, а беше изгласан на 30 јули.

Според предлагачот – Министерството за образование и наука, новиот закон ќе го подобри квалитетот на наставата и воопшто на воспитно-образовниот процес, зашто им дава повеќе можности на учениците особено на тие што се со посебни образовни потреби. Новини во законот има во организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30),  саботи слободни од обврската да се одработуваат пропуштени наставни денови, кариерен развој на наставниците…

Бројот на часови не се намалува зашто МОН ги слушало препораките на  ОЕЦД и УНИЦЕФ чии анализи покажале дека  македонските ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји. Покрај тоа, покажуваат и слаби резултати на меѓународни тестирања.

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

 

 

2019-09-02 07:36:38, од Хатка Смаиловиќ
ReplyForward


Поврзани содржини

Посегнувањето по средствата од Вториот столб не е решение, потребно е унапредување на пензискиот систем, порачуваат до АДПФ
30/07/2026 14:07
Пратеничката Зајкова бара писмени одговори од премиерот колку пари добил Арбен Фетаи кога не доаѓаше на работа
30/07/2026 14:07
Борче Марковски не бега, се враќа во Македонија на 1 август, вели неговиот адвокат
30/07/2026 14:07
Дата-центрите би се отворале во ТИР-зоните, но без негативен ефект врз животната средина
30/07/2026 13:07

Едносменска настава за учениците од VI до IX одделение во ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче
30/07/2026 12:07
Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица
30/07/2026 12:07
Десетта фаза прскање против комарци во Скопје по порастот на случаи од западнонилска треска
30/07/2026 12:07
За 109 милиони евра Штип би добил современ регионален здравствен центар
30/07/2026 12:07

Најчитани


  • Заминува уште една странска компанија, БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се сели во Полска
    28/07/2026 20:21
  • Мостот Пељешац го пуштија пред четири години, а сега ќе оди во процес на сериозна реконструкција
    27/07/2026 16:39
  • Санкциите на ЕУ кон Русија ги приземјија најдобрите шпански хеликоптери за гаснење пожари
    26/07/2026 10:15
  • Нов начин на наплата на автопатиштата во Хрватска: Нема куќички, но за наплата ќе мора да се регистрирате
    28/07/2026 15:43
  • Урнебесно видео од интервју на Мицкоски: „Нема воз за ЕУ. Сега има воз и вагон кој сами го ‘клатиме’“
    28/07/2026 13:11
  • Нема дозвола за решетките на Македониумот. Инспектори ќе одат во Крушево
    27/07/2026 14:14

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење