Заев: Новите полициски службеници со висок просек ја завршја обуката


Новата генерација полициски службеници со висок просек на бодување ја заврши едногодишната основна обука во Центарот за обука на МВР, што говори дека се исклучително мотивирани да ги исполнат идните професионални ангажмани во полицијата, рече премиерот Зоран Заев на промоцијата на новите полициски службеници во Идризово.

-Се радувам заедно со сите Вас затоа што со голем успех, во просек од 530,92 бодови од вкупно 600 ја завршивте обуката за совладување на потребните компетенции за полициски службеници. Радува и податокот што дури 528 од вкупно пријавените на стартот 550 кандидати ја завршија оваа обука. Тоа говори за Вашата висока мотивација да успеете во исплонувањето на професионалните ангажмани во полицијата, истакна Заев.

Посакувајќи им успешна кариера, премиерот Заев посочи дека полицајците имаат  благородна функција да обезбедуваат безбедност и сигурност за сите.
Тој упати честитки и на инструкторите за грижата да обезбеди континуитет на професионалните ресурси.

На свеченоста по овој повод се обрати и министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски