СОНК најавува штрајк: Неизвесен е почетокот на учебната година


Една недела пред почетокот на учебна 2019-2020 година, Синдикатот за образование (СОНК) се заканува со штрајк. Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од пет отсто. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, ѝ дава рок на Владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за […]

Клучна недела за статусот и предметите на СЈО


Судбината на СЈО зависи од Законот за јавно обвинителство и ќе се решава неделава меѓу власта и опозицијата на работни средби и на собраниска седница, додека со оглед на последните барања на адвокатите од одбраната во предметите кои го води СЈО за прекин на постапките ќе се чека и разрешување на состојбата со специјалната јавна […]

Каде е кртот?


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција мора што побргу да одговори како исказ даден во истрага која сè уште е во тек осамна на портал, велат правните експерти. Според нив, објавувањето на записникот од сведочењето на сведокот во случајот „Рекет“, Орце Камчев, не би требало да ја искомпромитира истрагата затоа што во […]

Ахмети: Последните настани со „Рекет“ не се сценарио


Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат. – Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио […]

Специјалната обвинителка во „специјален“ оддел во затворот во Шутка


Во посебен оддел, со уште една приведена, специјалната обвинителка Катица Јанева ги минува деновите во притвор. Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа, изјави директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.  -Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш […]

Полицаец со лажна диплома 17 години работел во МВР


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од ресенското село Асамати, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот во периодот од 17.06.2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование, во […]

Прво метла, па инфузија на „Бихаќска“: Заев сака да ја освежи партијата


Почитта се заслужува, искреноста се цени, довербата се стекнува, лојалноста се враќа. Вака Мухамед Зекири ги прокоментира повторното назначување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за потпретседател на партијата откако беше разрешен со „метлата“ кон крајот на мај. Зекири, заедно со министрите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, добија уште една шанса на потпретседателските […]

Димитров бара извинување од „Република“ инаку прв пат ќе тужи


Барам веднаш „Република” да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот „Рекет” и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре, реагира министерот за надворешни работи Никола Димитров на својата фејсбук страница. Во спротивно, како што вели, прв пат во животот ќе тужи. „Нема […]

Заев: Ќе тужам, се прераскажува и манипулира


Премиерот Зоран Зеав најави тужба за клевета откако на интернет порталот „Инфомакс“ осамна документ со исказот на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството за тоа како, наводно, бил уценуван од Бојан Јовановски и Зоран Милески од септември 2018 до април 2019. Во текстот се цитираат и други детали коишто ги нема во објавениот […]

Обвинителство: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело


Објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, најостро осудувајќи го ваквиот настан. -Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе […]

Емануел Рембер за „Независен“: Јас сум писател влезен во светот на дипломатијата


Елегантен во изгледот, дисциплиниран како писател и со задоволство виден гостин на разни културни, дипломатски и модни случувања во Македонија. Тоа е нашиот соговорник Емануел Рембер, дипломат, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје. Завршил докторски студии по лингвистика и дидактика на францускиот јазик на Универзитетот […]

Има ли надеж за СЈО?: Партиите на маса пред законот да влезе во парламент


Водечките партии се договорија да му дадат уште една последна шанса на законот за обвинителство. В понеделник тимовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ ќе седнат на заедничка маса за да видат дали може да се договорат за законот што го одредува натамошниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Веќе утредента, односно во вторник, предлогот на Владата […]

Амбасада на САД: Секој што се огрешил да одговара, СЈО да продолжи со работа


Амбасадата на САД во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти. „Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен“, велат од Американската амбасада за „360 степени“, по притворот на […]

Инспектори на УЈП му врачиле налог за финансиска контрола на Боки 13 во затворот во Шутка


Инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево беа во притворското одделение на Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, за да го известат првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски дека ќе вршат финансиска контрола во неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“ и да му врачат налог за тоа. Налогот за финансиска контрола мора лично да го добие […]

Случај „Рекет“: Ќе ги потфати ли истрагата високите функционери?


Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева доби 30-дневен притвор за случајот „Рекет“, но експертската јавност порачува дека проширување на истрагата мора да има бидејќи спроведувањето темелна истрага не значи сведување само на тројцата осомничени. Јанева не смее да се претвори во жртвено јагне туку треба да се откријат сите помагатели. Управата за јавни приходи […]

Никој не знае каде е Орце Камчев


Истрагата за случајот „Империја“ застана по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова. „Нема друго решение. Само новите одредби кои ќе го вклопат СЈО и ќе му дадат право на редовното Јавно обвинителство да ги презема сите дејствија и во […]

Стефанова: Од самиот старт на СЈО се оградив од Јанева


Обвинителката Лиле Стефанова по денешното рочиште за случајот „Титаник“ истакна дека СЈО во моментот е во најтешкиот период. Таа тврди дека нема амбиција да ја завземе челната позиција во СЈО. „СЈО во во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби што ги имала од основањето до денес. Затоа апелирам политичарите, сите чинители во […]

Бектеши испрати писмо до Шаља, очекува деновиве повлекување на забраната за извоз


Министерот за економија, Крешник Бектеши во писмо до неговиот косовски колега, Ендрит Шаља наведе дека очекува во текот на овие работни денови Косово да ја повлече Одлуката за забрана за извоз на компир и мед од државава, воведена пред една недела како одговор на нашата забрана за увоз на икра и рибен подмладок од оваа […]

Рејчел Галовеј: Политичките партии интересот на земјата мора да го стават пред сè


Реформите во обвинителството се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото што се приоритетни за ЕУ, за НАТО и за граѓаните на Северна Македонија, па затоа политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè, вели британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј во интервју за МИА, во однос на потребата од […]

На сите обвинители во СЈО им висат мандатите


На неполн месец пред завршувањето на мандатот на Катица Јанева, а со тоа и на мандатите на сите обвинители во СЈО на кои таа им е надредена, во политичко-правните кругови се отвора дилема како да се разреши главната специјална обвинителка или да биде прекината нејзината функција, а тоа да не повлече „распад“ на целото обвинителство […]