Касами: Владата нема веќе кредибилитет, Заев треба да собере храброст и да распише избори


Скандалот со Специјалното јавно обвинителство е најголем неуспех и разочарување на граѓаните на Северна Македонија и тоа ќе ја кошта земјата во понатамошните аспирации на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО, изјави вчера лидерот на Движењето Беса, Билал Касами во интервју за ТВ21.

Тој смета дека сега е време за предвремени парламентарни избори , оти граѓаните ја изгубиле вербата во оваа власт.

,,За жал, апсењето на Катица Јанева е само врвот на сантата мраз од еден огромен скандал, кој и се случи на оваа Влада. Ако сега не е време за предвремени парламентарни избори, тогаш јас не знам кога во Македонија било понеопходно да се организираат предвремени избори. Во моментите кога граѓаните ја изгубија и последната надеж дека оваа Влада може да го води интегративниот процес, јас мислам дека премиерот Заев треба да собере храброст и да распише предвремени избори. Затоа што граѓаните на Македонија навистина имаат потреба од нова елита политичари и државници кои ќе работат за иднината на евроатланска Македонија”, истакна Касами.