Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија


Триесет и седумгодишен Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија. Според тамошните медиуми, станува збор за Илир Б., кој со нож ја заклал својата 34-годишна партнерка. Според блиски на семејството, причината била тоа што сопругата Луиза сакала да се разведе од насилниот брачен другар. „Тој беше насилен со својата сопруга. Таа му даде неколку […]

Блерим Река скептичен за отворање преговори со ЕУ во октомври


Албанија – Поранешниот македонски дипломат и кандидат за претседател на последните избори, Блерим Река гледа со скептицизам по прашањето за добивање датум во октомври за отворање преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Гостувајќи во дневникот на тиранската телевизија Ора њуз изјави дека Северна Македонија треба да исполни два услова ако не „ќе се збогува […]

Обвинителствотo знае каде се дел од парите од „Рекет“


Советот на јавни обвинители утре ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Јанева во моментов е во притвор за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Седницата на Советот вчера траеше речиси осум часа, […]

„Медена земја“ македонски кандидат за Оскар


Филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов следната година ќе биде македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм “. Како што информира Друштвото на филмски работници, одлуката ја донела Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата во состав на Игор Иванов, режисер и претседател на ДФРМ, Ангела […]

Советот на јавни обвинители в четврток ќе ја донесе одлуката за Јанева


Советот на јавни обвинители в четврток ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Седницата на Советот траеше речиси осум часа, а претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев изјави дека тој и останатите членови на Советот успеале […]

Русковска : Не се спомнуваат политичари во исказот на Камчев


Кога ќе оценам дека е тоа потребно, Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ  за случајот „Рекет“, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска по состанокот во Советот за јавни обвинители кој одлучува дали ќе поведе постапка за разрешување на специјалната обвинителка  Катица Јанева. Рускоска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да […]

Заев: Реални се шансите за старт на преговорите со ЕУ


Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обратија на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје. На состанокот на тема „ЕУ перспективата на Република Северна Македонија“ во пресрет на Советот на ЕУ […]

Дескоска најави и „план Б“ за решавање на статусот на СЈО


Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека ако не се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив е измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас. Откако денеска Собранието со само 57 гласа „за“ ја утврди потребата […]

Неветувачки старт на законот за обвинителство во парламентот


Со само 57 гласа „за“ од вкупно пријавени како присутни 99 пратеници, Собранието, на денешната седница – прва по летната ферија, ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа значи почеток на расправата за овој владин предлог – закон во собраниските комисии, каде што се можни амандмански интервенции. Со […]

Луковски повторно давал исказ за „Рекет“


Поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ Жарко Луковски утринава бил повторно  да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Овој исказ, според информациите, е дополнување на претходниот, затоа што Луковски, кој бил меѓу повиканите како сведок кога почнала истрагата за „Рекет“, сам побарал да го дополни изјавеното. Поранешниот директор […]

Почна седницата на Советот на обвинители


Почна седницата на Советот на јавни обвинители, на која ќе се дискутира дали ќе се поведе постапка пред парламентот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради вмешаност  во случајот „Рекет“. На седницата пристигна и шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, која пред Советот ќе образложи зошто Јанева е осомничена во истрагата […]

На СЈО ќе му (пре)судат амандмани


Денеска, првпат по одморите, пратениците  ќе седнат во собраниските клупи. На дневен ред ќе го добијат законот за Обвинителство со кој се бара начин како да се продолжи иднината на Специјалното јавно обвинителство. Предлозите на владата засега не се прифатливи за опозицијата, чии гласови се неопходни при добивањето двотретинско мнозинство. Позициите на власта и на […]

Јанева и Вангеловски во ист ден пред разрешување


  Судскиот совет денеска, според најавите, ќе се наврати на прашањето за утврдување одговорност на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски кое остана отворено на последната седница пред летната ферија. На денешната седница ставени се неколку точки за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, како и одлучување по жалбата на одлуката од последната седница за […]

Капиталните инвестиции ни четвртина за седум месеци


Во јули биле потрошени помалку буџетски пари за капитални инвестиции отколку во јуни. За седум месеци од годината не е се рализирани ниту четвртина од предвидените капитални инвестиции со Буџетот за 2019. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 31 јули, ставката капитални инвестиции е реализирана со 24,5 проценти. Тоа се 103,4 милиони […]

Премиерски стил: Костумот со риги на Брнабиќ или краватата со риги на Заев?


Тегет боја избраа денес премиерите на Северна Македонија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, за пригодната свеченост на пуштањето во употреба на концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево. Брнабиќ во костум со риги и панталони, розова кошула закопчана до грло и откачени бордо […]

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“


Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, најави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште, пишува Фокус. Откако судијата Огнен Ставрев најави дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените […]

Пендаровски: Очекувам напредок на комисијата со Бугарија


Договорот со Бугарија го постигнавме полесно, но во имплементацијата може да имаме проблеми. Во комисијата на историчари има политички влијанија, а околностите и амбиентот не е како пред 5-6 месеци, оцени претседателот на државата Стево Пендаровски на денешниот состанок на Амбасадорскиот совет, на кој два дена ќе се дикутира и ќе се градат насоки за […]

(ВО ЖИВО) На Табановце почнува заедничкото гранично управување со Србија


Премиерите на Северна Макеоднија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, на граничниот премин Табановце го означуваат почетокот на заедничкото гранично управување „Оне стоп шоп“. На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за […]

Брисел за СЈО: Веруваме во институции, не во личности


Белгија – Европската Комисија смета дека на македонските политички сили е да изнајдат договор за замената на Катица Јанева во согласност со законот и потенцира дека нема никаква улога во овој процес. -Воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство на Северна Македонија беше дел од Договорот од Пржино помеѓу сите главни политички партии во земјата, вели Маја Коцијанчич, […]

Нина, покажи се!


Кога Нина Ангеловска ќе влезе во Министерството за финансии, ќе нема многу време за да направи чуда, без оглед кога би биле следните (предвремени) избори. Ама може да направи два-три тивки потези со добри последици, и врз буџетот, но и врз функционирањето на компаниите. Така велат познавачи на економско-финансиското милје што преживеале повеќе политички обезредувања […]