Заев наспроти ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, го брани предлогот за нов министер за финансии


Теоретски лажен популизам, во пракса лоша хазардерска политика, вака пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги оценија новите предлози на Владата за министри во ресорите финансии и подобрување на инвестициската клима. Според ВМРО-ДПМНЕ, лапсус на Заев е предлогот Нина Ангеловска да биде министер за финансии зашто таа на своите вработени, како што објавиле некои медиуми, им дава плата […]

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство. Првата награда ја добија Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска за истражувачката сторија „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“. Втората награда ја доби Сашка Цветковска за истражувачката сторија „Тајните играчи од САД позади македонските `фејк […]

Заев: Ангеловска и Џемаили ќе бидат засилување на Владата


Премиерот Зоран Заев на собраниската седница рече дека предложената министерка за финансии и министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима, Нина Ангеловска и Хисен Џемаили, ќе дадат импакт на економијата. Заев се задржа на сивито на Ангеловска. Рече дека има 31 година, во 2010 дипломирала на економски факултет со најдобар успех. Одлуката таа […]

Општина Аеродром предупредува да не се фрла отров на јавни површини


Општина Аеродром денеска повторно упати апел да не се фрла отров на јавни површини откако од вчера на социјалните мрежи се појавија информации за такви случаи во оваа општина со кои се загрозува животот и на животните  и на луѓето, а коишто предизвикаа голема вознемиреност и бурни реакции кај жителите. – Уште еднаш потенцираме дека […]

За новото СЈО по 1.5 милион евра годишно


Власта прифати четири од дваесетината амандмани на ВМРО-ДПМНЕ во првиот ден од собраниската расправа за предложениот закон за обвинителство. Социјалдемократите и ДУИ се согласија од буџетот да се одвојуваат по 0,4 отсто од средствата за новото Обвинителство за гонење криминал и висока корупција, односно за редовното обвинителство. Годишниот буџет е околу 3.7 милијарди евра, што […]

Ребалансот на буџетот следната недела на владина седница


Следната недела на владина седница се очекува да помине ребалансот  на Буџетот, а во него ќе има вградено и мерки за да се стимулира севкупното покачување на платите во државата, брифираат извори од СДСМ. Според нив, една од мерките ќе биде државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми […]

ВМРО и ДУИ изброиле три милиони на пописот во 2011


Пописот треба да се одржи во 2020, како во останатите земји од регионот. Работните групи кои го усогласауваат законот за попис се на пауза. Од владејачката партија СДСМ велат дека попис мора да има според европските стандарди кои се содржани во предлог-законот. Од таму нагласуваат дека поранешните коалициски-партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  правеле попис по ,,Skype”, […]

За новото СЈО ќе се гласа на 10 септември


Собраниската седницата на која ќе се гласа за новиот закон за Јавното обвинителство е закажена за десети септември. Според информации од Владата во Комисијата за европски прашања поминале амандманите што веќе биле договорени во работните групи. Нов закон мора да има велат од власта затоа што во ситуација кога има предлог за разрешување на специјалната […]

Законот за новото СЈО отиде на пауза


Артан Груби, претседателот на Комисијата за европски прашања, на почетокот на денешната седница соопшти дека поднесени се четириесетина амандмани за законот за обвинителство и прогласи пауза на неопределено време. Неофицијално, со тоа им се дава шанса на партиите да ги усогласат ставовите пред продолжетокот на седницата. Според наши извори, седницата ќе трае два дена (денеска […]

Пронајдени родителите на двете деца заборавени во автомобил во Аеродром


Полицијата соопшти дека ги пронашла родителите на двете дечиња од седум и четири години кои вчера вечер беа заборавени во автомобил на паркинг во скопската општина Аеродром. „На 28.08.2019 околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки […]

Советот на ЈО одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева


Советот на јавни обвинители денеска едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор како осомнилена за случајот „Рекет“. Претседателот на Советот на ЈО, Коле Штерјев по седицата изјави дека ќе биде изготвен извештај кој ќе биде доставен до Собранието, кое понатаму треба […]

Две деца заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница


Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Тие по реакција на граѓани биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје. Од МВР го потврдуваат случајот, но повеќе детали најавуваат за подоцна. Се уште не е познато колку време и зошто биле оставени децата сами во атомобилот.

ВМРО сака да ја предложи новата Катица


Дваесетина амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за обвинителство, кој денеска е на дневен ред во собраниската Комисија за европски прашања. Од опозициската партија велат дека не им е целта да го блокираат законот со стотина амандмани, а и не сакаат да ѝ дадат повод на власта да прифати процентуално голем број, но не и […]

Статусот на Вангеловски замрзнат до есен


Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, сепак, ќе почека до есен за да дознае дали ќе биде разрешен од функцијата. Иако прашањето за утврдување негова одговорност требаше да се отвори на вторничката седница на Судскиот совет, оттаму стигна информација оти таа точка воопшто не била планирана на дневниот ред. На состанокот, продолжила расправата за одговорноста […]

Циркус во „Идризово“: Осудените од Диво Насеље бараат пари преку „Фејсбук“


Осудените за настаните од кумановското Диво насеље го дигнаа на нозе затворот „Идризово“. Дел од нив, користејќи мобилни телефони, формирале група на социјалната мрежа „Фејсбук“ и се вклучија во живо со песна, кафе и цигари, барајќи донации за нивните и семејствата на загинатите борци од сите Албанци. Најавија дека редовно ќе го прават тоа, но […]

Заев: Најдобро решение за обвинителството е она донесено со консензус


Најздравото решение за обвинителството е она донесено со консензус, порача претседателот на Владата Зоран Заев по денешната посета на рудникот „Бучим“ во Радовиш. Забележа дека министерката за правда Ренета Дескоска за планот Б за обвинителство не кажала ништо ново. – Никој не посакува да бараме решение така притиснати од време, сите седнати на маса, политичарите, […]

Пендаровски: Нема политичко мешање во истрагата за „Рекет“


-Моја работа како претседател не е да ја коментирам секоја фаза од случајот „Рекет“, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже некои видливи моменти за кои потоа ќе можеме да дадеме оценка како политичари. Ова денеска во Македонска Каменица го изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско […]

Кукан: Северна Македонија може да добие датум за преговори на есен


Северна Македонија може да добие датум за преговори за членство во Европската Унија на есен, додека ова сценарио е помалку реалистично за Албанија, изјави поранешниот европратеник Едуард Кукан, кој претседаваше со Работната група за Западен Балкан за време на неговиот мандат. Во интервју за Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), Кукан појасни дека Северна Македонија […]

Марко го прекина маратонот поради болка во ногата


Охриѓанецот Марко Пејчиновски (13) поради силни болки во ногата синоќа го прекина соло маратонот во должина од 64 километри кој сакаше да го отплива во знак на поддршка на лицата со ретки болести. Тој исплива 11 километри и 840 метри за 4 часа и 49 минути, а подвигот го прекина кај Градиште. Целта на Марко […]

Зголемен број лажни наградни игри, да се внимава со личните податоци


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на МВР во изминатиот период евидентираше зголемен број на лажни наградни игри на интернет, каде со користење на социјалните мрежи, особено Facebook, се отвараат лажни профили на правни лица (компании) од нашата земја, а со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните. […]