ДУИ: Наредбата на Јанева од притвор е под голем знак прашалник
Специјалното јавно обвинителство е беспредметно, оцени Демократската унија за интеграција. Според партијата на Али Ахмети, законитоста на една одлука донесена во услови кога подносителот е во притвор, со однапред поднесена оставка и веќе започната постапка за разрешување во Собранието е под голем знак прашалник”
Пратеникот Артан груби ги споделува резервите на дел од политичките партии кои што не се дел од преговорите, но и на фелата и на јавноста.
„Но, секој си сноси одговорност за своите постапки, било да се тоа политичари, обвинители или судии”, вели Груби во изјавата за МКД.мк.
Според Груби, ставот на неговата партија е дека мора да постои правна извесност и одлуки кои што се законски, општоприфатливи и кои што влеваат доверба кај граѓаните.
„Со предавањето на предметите, односно на случаите во Јавното обвинителство, СЈО е беспредметно”, вели тој и додава дека за ваков тек на настаните не слушнал сличен пример.