Кирацовски: Не се препознавам во Кики и Фрики, Геровски направи грешка

Фото: Б. Грданоски

Пратеникот на СДСМ и поранешен генерален секретар на владејачката партија, Александар Кирацовски, по исказот во обвинителството за истрагата за предметот „Рекет“, рече дека бил повикан како сведок.

– Денес ја извршив својата граѓанска должност и бев во Обвинителство за организиран криминал. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само факти и аргументи. Вистината не се крие. Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам ниту ги познавам – рече Кирацовски.

Тој посочи дека никогаш не бил дел од структурите на Меѓународниот сојуз и дека не бил посредник на првоосомничениот Бојан Јовановски во проектот за изградба на старски домови.

– Како политичари комуницираме со многу личности, но тоа не им дава право тие да прават криминал. Од нас многумина бараат да се фотографираат и се надевам многумина тоа не го злоупотребуваат. Сликањето не е злодело – посочи Кирацовски, додавајќи дека само еднаш се фотографил со Боки 13.

Вели дека гостувал во телевизијата на Боки 13, бил присутен многу пати и вели дека помогнал за истрагата да оди во вистински правец. Не се препознава во Кики и Фрики и вели дека новинарот Бранко Героски направил грешка.

-Случувањата со Катица немаат врска со мене и мислам дека судењето ќе има позитивен исход за сите- вели Кирацовски.