Нина Ангеловска министер за финансии, Хисен Џемаили министер без ресор задолжен за домашни инвестиции


Собранието на Република Северна Македонија попладнево во рамки на 110-та седница со 64  гласа „за“ и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии, а со 61 гласа „за“ и 21 против го избра Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

По изборот на Нина Ангеловска и Хисен Џемаили за нови министри, седницата продолжи со точката за избор на тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.