Ристоска: СЈО се уште постои, верувам дека ќе се најде извесно законско решение


Специјалното јавно обвинителство се уште постои, се уште функционираме. Според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“. – Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристоска, додавајќи дека многупати […]

Европски стил: Едноставната Урсула фон дер Лајен


Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен (60) е младолика, симпатична, со вита става и е модно освежување во „здодевниот и униформиран“ Брисел. Стилско олицетворение на Европа, едноставна, но комплицирана за разбирање, лишена од премногу модни детали, удобноста и практичноста го следи сепак сериозниот дрес-код на претседател на ЕК. Најчесто избира пантолони со […]

Случаите од „бомбите“ го надживеaја СЈО


Предметите од „бомбите“ се селат во редовното обвинителство, а обвинителите од тимот на Катица Јанева се враќаат во обвинителствата во кои работеле претходно. На ваков начин, според информациите, ќе се реши статусот на досегашното Специјално јавно обвинителство по информациите дека единственото нешто околу што постигнале согласност лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и […]

Албанската опозиција револтирана – Не прифаќаат договори за СЈО без присуство на лидерските средби


Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села  изрази  револт околу форматот на средбата Заев-Мицкоски, од  која беа исклучени албанските политички партии. Според Села, за Алијансата за Албанците нема да биде прифатлив никаков договор што ќе биде донесен помеѓу политичките партии од само еден блок. Тој смета дека концептот четири поголеми политички партии (две од македонските […]

Мицкоски: Планот на Заев е да нема договор, оставаме простор да продолжат преговорите


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски  денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека на синоќешната лидерска средба дошол со план за да не се постигне договор и за да ги заштити своите и криминалите на неговите соработници, но остава простор за продолжување на преговорите за законот за јавно обвинителство, на којашто точка и заврши неуспешно […]

Тактизирање со Јанева: Нејзиното разрешување ставено на пауза


Парламентарното мнозинство во парламентот денеска со 58 гласа „за“ го отфрли предлогот на опозицијата да гласа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Пратениците од владеачките партии објаснуваат оти сакале да се дополни дневниот ред на седницата. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува мандатот […]

(ВИДЕО) Биг Мајк: Македонија ќе направи бум со канабисот


Мајк Штрауметис познат како Биг Мајк, кој неодамна беше во посета во земјава, вели дека Македонија може да излезе од криза и да направи многу во бизнисот со легализацијата на канабисот. Тој на својот профил на „Инстаграм“ објави видео во кое објаснува дека земјава има потенцијал за развој доколку тоа добро го направи. „Земја на […]

Заев: Разочаран сум од исходот на средбата, груевизам до доцна во ноќта


Груевизам до доцна во ноќта, барање против секоја логика, против ЕУ и НАТО, против вредностите и принципите, вака премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го оцени исходот од синоќешната лидерска средба и единствениот услов, кој, како што рече, го поставил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж […]

ВМРО-ДПМНЕ барала со закон да се затворат предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година


Со вчерашното преземање на предметите на СЈО од страна на редовното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите предмети на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство, брифираат владини извори по лидерската средба на која не беше постигнат договор за новиот закон за јавно обвинителство и за […]

Политичарите ќе ги уништат и ресурсите на СЈО?


Вкупно 23 истражители, припадници на правосудната полиција од Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција им помагаа на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство да соберат докази и да ги изведат осомничените пред суд. Економските советници заедно со истражителите и со обвинителите анализираа документи со сметководствени книги, годишни сметки, трансакции од домашни и странски […]

Лидерски стил: Вратоврската ги раздели Заев и Мицкоски


Премиерот и лидер на СДСМ Заев лежерен без вратоврска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски сериозен, со сребрена вратоврска. И двајцата во костуми, едниот во тегет боја, со бела кошула, другиот, во сив костум, на сина кошула. Елегантни, синоќа, во Скопје, на преговори за законот за ЈО и за идниот статус на СЈО кои по седум часа, […]

Без договор за законот за ЈО, власта понудила ново обвинителство кое ќе ги гони двете страни, опозицијата одбила


По седум часа, преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за Јавното обвинителство пропаднаа. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски не успеаја да се договорат околу клучните разлики за законот за ЈО и за идниот статус на СЈО. Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да […]

ОЈО испрати допис до СЈО за преземање на предметите


Основното јавно обвинителство испрати допис до Специјалното јавно обвинителство во врска со преземањето на предметите, потврдија попладнево од ОЈО за МИА. Дописот за преземање на предметите следува по неодамнешното известување што од притвор го испрати специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со кое даде овластување сите предмети на СЈО да ги преземе ОЈО.

Џафери: Ако има договор на лидерската, разрешувањето на Јанева и законот за ЈО на седници уште утре


Од исходот на вечерашната средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зависи кога ќе се одржат продолженијата на комисиската и пленарната седница за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, но таа мора да биде разрешена најдоцна до 15 […]

Фаик Арслани e избран за в.д. претседател на Врховниот суд


По разрешувањето на Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд, за в.д. претседател е избран врховниот судија Фаик Арслани. Арслани е роден во 1959 година во селото Добридол –Гостиварско. Студиите ги завршил на Правниот факултет во Нови Сад во рамки на Југославија. Од 2008 година, Арслани е член на Советот на јавните обвинители на […]

По две години се обезбеди мнозинство: Разрешен Јово Вангеловски


Две години по поднесувањето на предлогот за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, членовите на Судскиот совет конечно собраа мнозинство и го разрешија претседателот на највискиот суд, и од претседателската и од судиската функција. Покрај Вангеловски, разрешена е и судијката Рахилка Стојковска, а за судијата Ристо Катавеновски, за кого е одвоена постапката поради […]

Алијанса на Албанците бара лидерска средба на албанските партии во присуство на меѓународни претставници


Алијанса на Албанците не се согласува со идејата да има средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, а на која нема да присуствуваат лидерите на албанските партии. Според портпаролот  Флакрон Беџети, самиот формат на средбата од која се исклучени Албанците не дава простор дека ќе има значителен епилог, а смета […]

Заев: Суштината е дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не


Суштинско прашање за Законот за јавното обвинителство не е барањето на опозицијата во врска со постапувањето по предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година, туку дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Во однос на црвените линии на опозицијата дека нема да прифати после 30 јуни 2017 […]

Обвинителството побара 12 години затвор за екс албанскиот прв полицаец


Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранепниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Поради согласнот на судот за скратена судска постапка казната се намалува за една третина,што значи дека биде осуден со затворската казна во траење  од 8 години. Според обвинението Тахири се товари за четири случаи на шверц на наркотични […]

Заев: За избори реков „Ок“, но за следната година


Премерот Зоран Заев очекува на вечерашната лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде покажана одговорност и да се направи обид за решавање на прашањето со Законот за јавното обвинителство. За инсистирањето на опозицијата да се разговара и за предвремени избори, вели дека тоа е легитмно барање, но оти ова е неповторив период […]