Мицкоски: Јанева ме уценуваше да гласам за СЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ тврди дека има сведочења од пратеници дека Катица Јанева наводно ги „обработувала“ да гласаат за уставните измени. – Имам сведочења од пратеници кои практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично […]

Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра, минималната плата мора да расте


Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во „Топ тема“ на телевизија „Телма“. -Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега сеуште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби […]

Заев: Иднината на предметите е црвената линија што не смее да се помине


Премиерот Зоран Заев вечерва, во интервју за „Сител“ уште еднаш повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата. За власта, потенцира Заев, е прифатлив предлогот новото обвинителство да го води обвинител предложен од опозицијата што потоа […]

ЈО ги презеде предметите од СЈО


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По преземањето, како што соопшти Обвинителството, предметите се доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител […]

Утре парламентот ќе одлучува дали да ја разреши Катица


Претседателот на Собранието, Талат Џафери само што го потпиша решението за свикување Седница утре во 13 часот, со единствената точка на дневен ред-разрешување на осомничената обвинителка Катица Јанева. На 5 септември Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна […]

Јовески: До крајот на денот треба да заврши преземањето на предметите од СЈО


Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Посочи дека од следната недела ќе продолжат техничките детали на споредување на пописите на списи […]

Дескоска: Предметите на СЈО ќе имаат завршница


Министерката за правда Рената Дескоска денеска порача дека без силно, независно обвинителство попусто се говори за правна држава и ги повика пратениците кои треба да гласаат за новиот закон да размислат каде ја гледаат иднината на земјата. Во обраќањето на почетокот на твининг-проект за поддршка на Јавното обвинителство, Дескоска рече дека носењето на законот веќе […]

Обвинителството да ги претресе „џебовите“ на ВМРО-ДПМНЕ


Се мајтапи ли лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со јавноста мавтајќи со празни листови хартија или навистина поседува џокер-искази од тајната истрага за случајот „Рекет“, кои, наводно, му ги доставил свиркач, како што самиот се пофали на завчерашната прес-конференција? Потегот на Мицкоски, кој уследи по јавно кажаната претпоставка на премиерот Зоран Заев дека истрагата за […]

И за хибридните автомобили ќе се плаќа данок


Со постојната регулатива, патничките автомобили на хибриден погон, со комбинација на мотор со внатрешно согорување и електромотор, се ослободени од акциза. Со новиот закон за данок на моторни возила, кој ќе важи од ноември, хибридите ќе се оданочуваат. „Досега законот даваше привилегии за хибридите, затоа што целта беше да се поттикне возењето на автомобили со […]

Не е сеедно дали Јанева ќе биде разрешена пред „финале“


Иако спикерот Талат Џафери најави дека до истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе закаже пленарна седница на парламентот за нејзино разрешување, опозицијата се сомнева дека чинот свесно се пролонгира, за Советот на јавни обвинители да нема време да ја донесе конечната одлука. – По сè изгледа дека намерно се одолговлекува ставањето на […]

Писмо до Владата и амбасадите: Нека победи правдата, макар и пропаднал светот


Fiаt iustitia, et pereat mundus! Нека победи правдата, макар и пропаднал светот! Со барања запечатени со оваа латинска фраза, стручниот, административниот и помошно-техничкиот персонал, односно сите вработени во Специјалното јавно обвинителство испратија писмо до премиерот Зоран Заев, до министерката за правда Рената Дескоска, претседателот Стево Пендаровски и амбасадорите на Европската Унија, САД и Холандија во […]

Хан: Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ


Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК. Северна Македонија, смета Хан, направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција. – […]

Ахмети: Проблемот со СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска изјави дека проблемот со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да го решаваат, како што вели, двете најголеми македонски партии, истовремено порачувајќи дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата. – Проблемот за СЈО треба да го […]

Адвокатот Асмир Алиспахиќ казнет со 2.000 евра за навреда на судијката Софија Лаличиќ


Основниот кривичен суд во Скопје во целост го објави решението со кое се казнува адвокатот Асмир Алиспајиќ за навреда на судијката Софија Лаличиќ, преку објава на својот Фејсбук профил, во која коментира случувања од главна расправа одржана на 4 септември 2019 година. Од судот наведуваат дека, во однос на делумно објавеното решение од страна на […]

Дескоска: Предложивме вработените од СЈО да бидат префрлени во републичкото ЈО


Министерката за правда Рената Дескоска во изјава за МИА вели дека за време на разговорите за законот за Јавното обвинителство предложиле вработените во СЈО да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинителство. -Во текот на разговорите за законот за Јавното обвинителство водиме грижа за сите лица вработени во Специјалното јавно обвинителство и разговараме за нивниот статус. […]

Од први октомври лекови само со лична карта, квотите се укинуваат


Од 1 октомври годинава, при препишување на лек кај лекар и при подигање на лекот во аптека, здравствените осигуреници ќе треба да покажат лична карта или пасош за идентификација, најави Фондот за здравствено осигурување, а квотите нема да бидат ограничени. До 30 септември пак важат досегашните правила, односно секој може да си го подигне лекот […]

Техничкиот персонал на СЈО бара помош од меѓународната заедница, Пендаровски, Заев и Дескоска


Стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО иразува разочараност од недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство и апелира до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и до политичките чинители во земјава внимателно и активно да ги следи актуелните процеси […]

СЈО почна да си ги одложува предметите, судот без усогласен став


Бранителите на обвинетите во случаите на Специјалното јавно обвинителство речиси на секое рочиште бараат одложување, но сега никој не знае што ќе се случува со овие судења бидејќи првпат одложување на рочиштето побара обвинител од СЈО. Судечкиот совет на чело со судијата Осман Шабани вчера го одложи судењето за случајот ТНТ на барање на обвинителот […]

Дали Јанева ќе биде разрешена или ќе ѝ заврши мандатот ?


Иако спикерот Талат Џафери најави дека до истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе закаже пленарна седница на парламентот за нејзино разрешување, опозицијата се сомнева дека  чинот свесно се пролонгира за Советот на јавни обвинители да нема време да ја донесе конечната одлука. -По сѐ изгледа дека намерно се одолговлекува ставањето на дневен […]

Домот за култура во Кисела Вода не работи, ама има нов директор


Три години по официјалното пуштање во употреба на новиот дом за култура во скопската населба Кисела Вода, објектот што го носи името на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец, никако да проработи. Домот, кој всушност го замени руинираниот објект на месната заедница, најпрво беше поплавен од невремето што одзеде 23 животи во Скопје во август 2016 година, […]