Нови искази за „Рекет“, Агапи Дика и Азманов во Обвинителството


Претседателката на собранието на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, Агапи Дика утрово околу 10 часот дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“.

Во текот на денов исказ во Обвинителството треба да даде и бизнисменот Зоран Азманов кој поднесе кривична пријава против Боки 13 и тврдеше дека му побарал 50 илјади евра за да не биде емитувана емисија за него на 1 ТВ.

Во Обвинителството за гонење на организиран криминал денеска е повикан исказ да даде и бизнисменот Зоран Азманов. Тој има поднесено кривична пријава против Бојан Јовановски за рекет. Азманов тврдеше дека Боки 13 му побарал 50 илјади евра за да не се емитува емисијата Инсајдер за бизнисменот Азманов.

Обвинителката Вилма Русковска во истрагата за „Рекет“ го истражува и работењето на Меѓународниот сојуз. Пред две недели во Обвинителството исказ даваше и Фросина Ременски која е почесен претседател на Меѓународниот сојуз, но и бизнисмените Силјан Мицески и Амзоски кој тврдат дека му исплатиле 750 односно 250 илјади евра на Боки 13 за наводна изведба на старечки домови преку Меѓународниот сојуз.

За аферата во притвор се Бојан Јовановски, Зоки Кичеец и Катица Јанева.