Бојан Јовановски в понеделник на распит кај Русковска


Првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски, во понеделник е повикан на распит во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдуваат од обвинителството. Тој исако е првоосомничен досега не беше повикан да даде исказ. Веќе наредниот ден, во вторник, на распит во обвинителството е повикана и Катица Јанева. Таа по втор пат ќе се соочи со Обвинителката Вилма Русковска. Претходно беше повикана во својство на лице од кое се бараат потребни известувања, по што веќе следниот ден беше уапсена.

Во изминативе недели, Обвинителството води истрага за тоа каде се милион и пол евра кои според првичните сознанија бизнисменот Орце Камчев им ги дал на Боки 13 и Зоки Кичеец. Исто така Обвинителството води истрага за работата на Меѓународниот сојуз на Боки 13, преку кој се нуделе наводни проекти за изградба на старачки домови, за кои веќе се утврди дека од неколкумина бизнисмени биле префрлени пари.

Инаку за случајот Рекет до сега сведочеа 11 лица, вклучувајќи го и второобвинетиот Зоран Милевски. Освен првите луѓе на Меѓународниот сојуз, во Обвинителството исказ даваа и бизнисмени како што се Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, и политичари меѓу кои беа Ременски и Кирацовски.