Како да се стигне до работа: Сообраќаен хаос во Скопје поради блокадите на автобусџиите


Сообраќаен хаос и утрово во Скопје. Граѓаните мака мачат да стигнат на своите одредишта на време, поради долгите колони на скопските улици. Во најголема мера тоа се должи на протестот и блокадите на приватните автобусџии, но и на градежните работи кои што се одвиваат на повеќе сообраќајници во исто време. Приватните автобуски превозници денеска од […]

Реформата е со меки даночни решенија, велат експертите за владиниот предлог


  Даночна реформа или само „шминка“ на постојниот даночен систем? За експертите нема двојби дека Македонија е зрела за сериозна даночна реформа, но тоа треба да се направи многу внимателно и одмерено со цел оданочувањето да ги опфати и оние кои до сега успешно и упорно го избегнуваат плаќањето на даноци, но и праведно во […]

Ограничувањето на цената на руската нафта „веднаш ќе го погоди Путин“ – оценија САД


  Новото ограничување на цената на руската нафта „веднаш ќе го намали најважниот извор на приход на Путин“, рекоа САД. Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека ограничувањето – кое беше официјално одобрено од западните сојузници во петокот – дојде по месеци напорна работа. Ограничувањето ги спречува земјите да плаќаат повеќе од 60 долари […]

Како изгледа делумната блокада на „Илинденска“ од приватните автобуси (Галерија)


  Утрово, приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ паркираа 200 автобуси на улицата пред Градското собрание, со што направија делумна блокада на булеварот „Илинден“. Сообраќајот на целиот булевар не беше стопиран, туку само крајните ленти, каде уредно беа паркирани автобусите на приватните превозници. По средните ленти, сообраќајот се одвиваше нормално. Пред зградата на Владата […]

Нема нови даноци, нема ни прогресивно оданочување, одлучи Владата


  Се укинува прогресивното оданочување што требаше да почне од 1 јануари и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која беше усвоен новиот концепт на даночна реформа. Со новиот концепт данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, […]

И амбасадорот Гир разочаран од случувањата во судството


  Евроамбасадорот Дејвид Гир, како и амбасадорката на САД Ангела Агелер, изрази разочарување од случувањата во судството последните месеци , и тоа токму денес кога започнува скринингот во Брисел токму за овие прашања.  „ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваме дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа […]

Пендаровски: Правиме реформи 15 години, а довербата во судството е на рекордно ниско ниво


  Колку брз ќе биде процесот на нашата интеграција во ЕУ зависи  од Брисел и од државите-членки, но, најмногу од нас, порача денес  претседателот Стево Пендаровски на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) која се одржува во Собранието.  Според претседателот, општиот впечаток меѓу нашите граѓани е дека дел од […]

Само за дизел на ЈСП му требаат 13 милиони евра годишно, па како тогаш до бесплатен превоз


  Информацијата што ја соопштија советниците на СДСМ во Град Скопје дека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) склучило договор од 27 милиони евра за набавка на дизел гориво за наредните две години од компанијата „Пуцко петрол“ отвора неколку прашања. Првото е дека според овој договор излегува оти автобусите на ЈСП дневно трошат 37.000 евра за дизел […]

Вкупно 52 години казна затвор за убиството на ракометарот Тот


  Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска ги огласи за виновни обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. Судскиот процес го води […]

Штајнмаер испи чај и изеде баклава во Скопската чаршија


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговиот домаќин, шефот на државата, Стево Пендаровски, утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин. Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече. Оттаму се […]

Штајнмаер: Преговарајте со акцент на иднината, не барајте пречки во минатото


 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер порача денес на прес конференција со претседателот Стево Пендаровски дека Македонија и во минатото се соочуваше со посебни услови и оптоварувања во пристапниот процес и дека тој и во минатото беше поврзан со многу историски прашања и се бавеше со нив. „Но, рече Штајнмаер, кога зборуваме сега за пристап во ЕУ […]

Во Грција се случи незамисливото: Регистриран е Центар за македонски јазик


  Во Грција се случи извонреден настан за афирмацијата на македонскиот јазик што само пре деноколку години изгледаше речиси невозможен. Беше судски регистриран Центар за македонскиот јазик во Грција, што е еден од плодовите на Преспанскиот договор, новото разбирање меѓу двете земји и олабавување на стереотипите и прерасудите на на грчките државни институции. Веста дека […]

Претседателката на Судскиот совет поднесе оставка велејќи дека има медиумска хајка против неа


  Неочекувано, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, денеска поднесе неотповиклива оставка на функцијата, наведувајќи ја како важна причина „хајката во медиумите“. Црвенковска ја поднесе оставката пред денешната седница на Советот и во неа напиша: „Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РСМ. Веднаш по мојот избор на функцијата […]

Од ветување за бесплатен превоз до блокирани булевари – за една година (Галерија)


  Дел од главните булевари во Скопје утрово, а и преку целиот ден останаа сосема празни, но не поради тоа што немаше сообраќај, туку поради блокадата на приватните превозници од градскиот сообраќај, кои ја блокираа крстосницата кај „Мавровка“. Затоа пак, останатите булевари требаше да ги прифатат сите возила, па очекувано автомобилите повеќе стоеја откаолку што […]

Порака од Берлин: Ако нема реформа на ЕУ нема да има ни проширување


  Германија ќе се согласи со пристапување на нови земји-членки само ако овој процес е придружен со реформа на ЕУ со цел да не се загрози способноста на блокот да дејствува, изјави Јерг Кукис, државен секретар во германската влада и главен советник на канцеларот Олаф Шолц на настан организиран од „Еурактив“. Повикот за реформи во […]

Некој свесно измислува невистини околу Охридската архиепископија, велат од Историската комисија


  Членовите на македонскиот тим во историската комисија преку соопштение ги отфрлија наводите во одредени медиуми дека на последната средба се разговарало за црковното прашање на МПЦ-ОА. Притоа тие реагираат и на некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата. „И покрај јасно искажаните погледи и ставови на […]

Штајнмајер утре доаѓа во Скопје


Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страна на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на […]

Русите спремаат нова мобилизација, се прегрупираат во три правци


  Од Генералштабот на украинската војска соопштена е ситуацијата на терен за претходниот ден при што е наведено дека Русите се прегрупираат во три правци и дека планираат нова мобилизација. Руската мобилизација, која предизвика масовно бегство на мажите од државата, завршена е на 28 октомври, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека тогаш […]

Крупни новини во платежната сфера од 1 јануари – Советот на НБ донесе 12 подзаконски акти


Oд почетокот на следната година, покрај банките  платежни услуги ќе може да даваат и платежни институции, штедилниците, како и институции за електронски пари. За таа цел, Советот на Народната банка усвои сет подзаконски акти со кои се операционализира новата правна рамка во платежната сфера која ја поставува Законот за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе […]

Царината заплени 26 илјади таблети екстази со вредност од 200 илјади евра


   Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84 грама кокаин и 31 грам марихуана, со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да бидат дистрибуирани во земјава. Направени се и дополнителни претреси на неколку локации и до Основното јавно обвинителство е […]