Русите го напуштија Херсон и сега го гранатираат 17 пати на ден (Галерија)


  Руските трупи продолжуваат со ракетните напади врз Украина: на 24 ноември, Херсон беше гранатиран 17 пати, изјави шефот на воената администрација во Херсон, Галина Луговаја (десет мртви во регионот); во Киев и Киевската област половина од градот остана без струја поради напади, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Министерството за одбрана на Руската Федерација негира дека […]

На пописот во Бугарија како Македонци се изјасниле 1.143 лица


  За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа денеска го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните. Со датумот 7 септември 2021 за Бугари се изјасниле 5.118.494 лица или 84,6 отсто […]

Широк Сокак во Битола, македонскиот архитектонски бисер, пропаѓа со стареењето


  БИТОЛА – Најпознатата и најубавата амбиентална улица во Битола, во државата и пошироко на Балканот, битолски Широк Сокак, полека старее и се руинира иако е ставена под заштита на државата како културно наследство. Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, […]

Над 20.000 луѓе умреа од топлотните бранови ова лето во западна Европа


  Повеќе од 20.000 луѓе умреа ширум западна Европа во топлотните бранови ова лето, на температури кои практично ќе беа невозможни без климатскиот колапс, покажуваат бројките. Анализата на вишокот смртни случаи, разликата помеѓу бројот на смртни случаи што се случиле и оние што се очекуваат врз основа на историските трендови, ги откриваат заканите од глобалното […]

Ковачевски бара да се однесуваме европски, да не ги напаѓаме бугарските клубови


  Потребни се културно–информативни центри коишто ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави и двете држави, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции. Нашите граѓани да бидат достоинствени и да се однесуваат со европски манири, како на држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. […]

(Видео) Милиони во локдаун во Кина, се чудат што се случува на Светското


Џенгџу е град во средна Кина во кој се наоѓа голема фабрика за производство на ајфони, а нареди затворање на шест милиони луѓе по наглиот пораст на случаи со Ковид-19, што предизвика големи протести во тоа индустриско средиште. Стотици работници – демонстранти пред фабриката се соочија со полицијата наоружана со палки и облечени во бели […]

Војната се развлекува, санкциите го земаат данокот, а Русите стануваат покритични спрема Путин


  Ноември и декември во Москва се познати како најдепресивни месеци во годината. Деновите се кратки и мрачни, времето е премногу студено и влажно за да се биде на отворено, а во исто време сè уште е премногу топло и дождливо за да уживате во вистинска руска зима. Годинава чувството на меланхолија е уште поголемо, […]

Народната банка со надолни корекции за растот на БДП, нагорни за инфлацијата


  Раст на домашниот бруто-производ од два до 2,3 отсто оваа година и на инфлацијата од 14,3 отсто предвидува Народната банка во најновите макроекономски прогнози кои ги презентира денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Ова претставува надолна проекција за економскиот раст, а нагорна за инфлацијата  во однос на претходните априлски проекции, рече таа на прес конференција во […]

Короната е тука, за седум дена од Ковид-19 починале седуммина


  Министерството за здравство престана со медиумите да споделува податоци за новозаразени со Ковид-19 и за починати лица од болеста, а на интернет страницата на Институтот за јавно здравје може да се најдат неделни податоци за состојбата со пандемијата. Во периодот од 14 до 20 ноември од Ковид-19 починале седум лица, три во Скопје и […]

Ќе има промени кај блок тарифите за струјата, најави Бектеши


  Промена кај втората и третата блок тарифа за електрична енергија од 1 јануари идната година најави денеска како можност министерот за економија Крешник Бектеши.  Одговарајќи на прашање на новинарите за можноста граѓаните кои штедат да добијат некаква награда, Бектеши рече дека нашата земја прва во регионот вовела стимулативни мерки преку воведувањето блок-тарифи. „Потрошувачката е […]

Собраниската расправа за Предлог-буџетот почнува утре, Бесими очекува голем интерес за дебата


Во Собранието утре почнува дебатата за Предлог-буџетот за 2023 година што Владата го усвои на 2 ноември. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува голем интерес за дискусија. Во изјава за МИА,  посочува дека инклузивноста е секогаш добредојдена за да се соочат аргументите „за“ и „против“ и да се избере најдоброто. – Дијалогот, дискусијата и слушањето на […]

Димовски треба да реферира на затворена седница на Влада за случајот „Онишченко“


  На затворена владина седница денеска се очекува директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски да даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец Олександер Онишченко. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да се утврди одговорност за случајот. Во АНБ, според медиумите,  суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката […]

Граѓаните мрзнат чекајќи автобуси, Арсовска порача да се протестира пред СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Граѓаните вечерва мрзнат чекајќи автобуси на јавниот превоз во Скопје, кои никој не знае кога ќе дојдат бидејќи информациите на светлечките табли се целосно погрешни. Истовремено, градоначалничката Данела Арсовска, по неуспешната средба со „Слободен превоз“, една од компаниите која учествува во јавниот превоз во метрополота, порача дека незадоволството превозниците треба да го искажат пред седиштата […]

Суспендирани двајца во АНБ за случајот со Онишченко


Началничка во секторот за стратешка соработка со НАТО службите во АНБ и вработен во истиот сектор засега се единствени виновници на кои им се подготвува суспензија, тврдат за Телма добро информирани извори. Низ нивни раце поминала безбедносната проверка на контроверзниот Олександр Онишченко кој  со обвиненија за корупција и противуставни дејности успешно ја минал контролата на […]

Цените на нафтата остро паднаа втора недела по ред


На глобалните пазари и минатата недела цените на нафтата драстично паднаа, вторпат по ред, бидејќи забавувањето на растот на најголемите светски економии доведува до слабеење на побарувачката за енергетски производи. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 8,7 отсто, на 87,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за речиси […]

Ковачевски е огорчен од начинот на кој Онишченко добил пасош


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека нема да отстапел од барањето одговорност за пропустот направен при издавањето пасош за Украинецот Александар Онишченко. Одговорот за причините ќе ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ и соодветниот извештај. „Штом ќе има извештај, мора да има и одговорност за тоа што е направено“, изјави […]

Бајден на 80 години: Американците се прашуваат дали е престар


  Луѓето во нивните 80-ти водат земји, создаваат величествена уметност и изведуваат подвизи на издржливост. Еден влезе во книгите на рекорди за искачување на Монт Еверест. Наскоро е време Џо Бајден (80 ќе наполни в недела) да одлучи дали има уште една планина да се искачи – онаа до вториот претседателски мандат. Прашањата се вртат […]

„Ја загубивме вистинската војна“: Руските елити скршени по повлекувањето од Херсон


  Серијата порази во војната против Украина, кои кулминираа со предавањето на Херсон, го засенија и онака мрачното расположение на руските „елити“. Додека Кремљ продолжува да верува дека војската може да ја сврти плимата на фронтот, и дека уцената со гас и енергија на крајот ќе ја одземе поддршката на Киев од Западот, во внатрешниот […]

Затворената седница со Виктор Димовски се емитувала во живо на Јутјуб


Отчетот на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, околу случајот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко, доби чуден развој. На говорницата на Собранието пратеникот Павле Трајанов побара објаснување зошто затворената седница, на која Димовски презентираше доверливи документи, била емитувана  во живо на Јутјуб на Собранискиот канал. Тоа беше причина спикерот на парламентот […]

Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 20 милиони евра и ќе отвори 120 вработувања во ТИРЗ Скопје 1


Инвестиција вредна 20 милиони евра која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“ што веќе се гради во ТИРЗ Скопје 1. Договорот за инвестицијата го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски и Орхан Кахвеџи, сопственик и член на Управниот одбор […]