Германија попушти: Ќе испрати тенкови во Украина

Германија испраќа 14 тенкови. Заедно со „леопардите“ од другите земји треба да се формираат два тенковски баталјона од 100 тенкови. САД ќе испорачаат „Абрамс“


„Леопард 2“ на вежба со боева муниција

 

Сега е официјално. По вчерашните најави во медиумите германската влада денеска објави дека има намера да испорача повеќе од десетина тенкови „Леопард 2“ на Украина. Покрај тоа, таа сака да им дозволи на другите земји да ги предадат овие тенкови од нивните сопствени резерви. Канцеларот Олаф Шолц го објави ова за време на седницата на кабинетот, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт. За други земји да можат да испорачаат „Лепард 2“ потребно е германско одобрение бидејќи тенковите се произведуваат таму.

Целта е „брзо“ составување на два тенковски баталјони со тенкови „Леопард 2“ за Украина, се вели во соопштението на Хебестрајт. Тоа би значело на Украина да ѝ се испорачаат 100 тенкови „Леопард 2“. Во првиот чекор, Германија ќе обезбеди 14 тенкови „Леопард 2“ кои доаѓаат од залихите на Бундесверот. Другите европски партнери исто така би доставиле тенкови „Леопард 2“. Според Хебестрејт, поддршката за Украина вклучува и логистика, муниција и одржување на системите, а украинските војници треба да се обучуваат во Германија.

Според извештаите на медиумите, САД исто така сакаат да ѝ стават на располагање на Украина околу 30 тенкови „Абрамс“. Се очекува и американската влада да даде официјална изјава за испорачување на тенковите во среда. Досега САД нагласуваа дека „Абрамс“ не се смета за корисен од практични причини. Спорот со Германија и притисокот од Конгресот да ѝ обезбеди дополнителна поддршка на Украина сега очигледно доведоа до преиспитување од страна на американскиот претседател Џо Бајден. Неговата влада и германската влада се бореа со недели околу прашањето за снабдување со тешки борбени тенкови, а сега тие очигледно се движат со ист чекор чекор.

САД треба да испорачаат 30 тенкови „Абрамс“

Доколку САД ги испратат своите тенкови „Абрамс“ во Украина, тие „ќе изгорат исто како и сите други“, изјави во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Убеден сум дека многу експерти ја разбираат и апсурдноста на оваа идеја, овој план е прилично неуспешен во однос на технолошките аспекти“, им рече Песков на новинарите за време на редовната прес-конференција.

„Повторуваме дека овие тенкови ќе изгорат исто како и сите други. Само тие чинат многу, а сето тоа ќе падне пред сѐ врз грбот на европските даночни обврзници“, додаде тој.

Претходно, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, рече дека руските вооружени сили ќе ги уништат тенковите „Абрамс“ од американско производство и другата воена опрема на НАТО, доколку ѝ бидат испорачани на Украина.

Канцеларот Олаф Шолц изјави пред германскиот парламент дека односите на Берлин со САД се подобри отколку што беа долго време.

„Можам да ви кажам дека односите меѓу Германија и САД се на подобро ниво отколку што беше долго време. Најдов добар договор со американскиот претседател, кој мислам дека е многу способен, многу ориентиран, многу целно ориентиран политичар, особено во однос на меѓународната политика и во однос на поддршката на трансатлантските односи и нагласувајќи ја добрата соработка со Германија“, рече Шолц во средата. „Ова е претседател кој е навистина добар партнер“.