Возот од Битола за Грција на слеп колосек: Грците немаат пари да ја репарираат пругата кај нив


Не треба да се очекува во догледно време да профункционира железничкиот сообраќај од Битола за Грција, изјави денес министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој рече дека проблемот е кај грчката страна. „Таму, за жал, работите не стојат добро. Јас со тројца министри на Грција сум разговарал, тројца се сменија откако јас сум министер. На нивна …

Возот од Битола за Грција на слеп колосек: Грците немаат пари да ја репарираат пругата кај нив Read More »

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати


Поради продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, Собранието денеска на пленарна седница го усвои предлогот да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Со одлуката, која претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20 …

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати Read More »

Димитриеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов регионален центар за ЈИЕ


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до …

Димитриеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов регионален центар за ЈИЕ Read More »

Германија ги ослободила од плаќањето данок, но од УЈП нема бегање


  Македонски студенти кои во текот на минатата година оствариле приход од работа во Германија (преку т.н. можност „ворк енд травел“, односно комбинација на работа и патување), денеска протестираа пред Управата за јавни приходи поради тоа што за парите што ги заработиле во странската држава, ќе треба да платат данок во нашата земја. На протестот …

Германија ги ослободила од плаќањето данок, но од УЈП нема бегање Read More »

„Мислам дека е доста убаво“: Трамп сподели ВИ слика на која Исус го прегрнува


Американскиот претседател Доналд Трамп сподели слика генерирана од вештачка интелигенција на која е прегрнат од Исус на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, со американското знаме во позадина. Тој напиша со сликата: „На радикалните левичарски лудаци можеби нема да им се допадне ова, но мислам дека е доста кул!!! Претседател DJT“, напиша Трамп. На …

„Мислам дека е доста убаво“: Трамп сподели ВИ слика на која Исус го прегрнува Read More »

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), кои се одржуваат во Вашингтон, оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA). На средбата, информираат од Кабинетот на Димитриеска-Кочоска, …

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии Read More »

Не е потрошен ниту еден литар од нафтените резерви, вели Мицкоски


Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.   Во однос …

Не е потрошен ниту еден литар од нафтените резерви, вели Мицкоски Read More »

Мицкоски не очекува голем ценовен удар, се анализира како да поевтинат производите што поскапеле најмногу


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека по направените анализи, дојдено е до заклучок дека зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е приближно 0,4 проценти. Во однос на профитните маржи, тие, вели премиерот, се намалени. За лебот, Мицкоски рече дека таму нема зголемување на цената, туку дури и поевтинување, како и дека во …

Мицкоски не очекува голем ценовен удар, се анализира како да поевтинат производите што поскапеле најмногу Read More »

Дончиќ и Ривс нема да бидат подготвени за почетокот на првото коло од плејофот на НБА


Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ и Остин Ривс нема да бидат подготвени за почетокот на првото коло од плејофот на Лејкерси против Хјустон рокетс. – Тие се надвор од терените на неодредено време. Немам вести за вас оваа недела, изјави главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик за „АП“. Дончиќ (27) има повреда …

Дончиќ и Ривс нема да бидат подготвени за почетокот на првото коло од плејофот на НБА Read More »

Маскерано поднесе оставка од тренерската функција во Интер Мајами


Интер Мајами објави дека главниот тренер Хавиер Маскерано поднесе оставка. Четириесет и едногодишниот Аргентинец објави дека го напушта клубот од лични причини. – Сакам да ги информирам сите дека, од лични причини, решив да се повлечам од функцијата главен тренер на Интер Мајами. Прво на сите, би сакал да им се заблагодарам на клубот за …

Маскерано поднесе оставка од тренерската функција во Интер Мајами Read More »

Славески на пролетните средби во Вашингтон: Во фокусот стабилноста на светската економија


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата од нашата земја, која учествува на пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД – информираат од Народната банка.  Како дел од делегацијата на Народната банка на овие средби ќе учествуваат и …

Славески на пролетните средби во Вашингтон: Во фокусот стабилноста на светската економија Read More »

Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот електричен кабриолет, цената „ситница“


Производителот на супер луксузни автомобили Ролс-Ројс се обидува да го извлече најдоброто од електричната енергија и да создаде оптимална комбинација од препознатливо задоволство и вроден луксуз. Додека некои производители се откажуваат од електричните планови, Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот кабриолет, цената „ситница“, оди во сосема спротивна насока. Го претстави Project Nightingale, луксузен електричен кабриолет кој изгледа …

Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот електричен кабриолет, цената „ситница“ Read More »

Цените на нафтата паднаа под 96 долари


Цените на нафтата денес паднаа под 96 долари на меѓународните пазари, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат покачената „температура“ во Ормускиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 3,67 долари за барел помалку попладне, што е намалување од вчерашното затворање …

Цените на нафтата паднаа под 96 долари Read More »

Начевски – Николов добија две години суспензија од ЕХФ


 Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од страна на Европската ракометна федерација добија суспензија од две години, а ќе мора да платат и 5.000 евра парична казна поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство за мажи. Во соопштението од ЕХФ пишува: „Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот …

Начевски – Николов добија две години суспензија од ЕХФ Read More »

Царината за три месеци наплатила 23,7 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани


Во првото тримесечје годинава Царината оствариле за 23,7 милиони евра повеќе приходи во однос на истиот период лани, се пофали денес директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на одбележувањето на 34 години постоење на институцијата. Од почетокот на мандатот во јули 2024 до 31 март годинава, нивната работа покажала значителни резултати. „Оперативно – спречивме повеќе од …

Царината за три месеци наплатила 23,7 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани Read More »

Министерката Димитриеска-Кочоска и гувернерот Славески учествуваат на пролетните средби на ММФ и Светска банка


 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 18 април престојува во САД, Вашингтон, каде што ќе учествува на пролетните средби на ММФ и Светската банка. За време на престојот, информираат од Министерството за финансии (МФ), Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, ќе оствари средби во Трезорот …

Министерката Димитриеска-Кочоска и гувернерот Славески учествуваат на пролетните средби на ММФ и Светска банка Read More »

Продажните цени растеле побавно од набавните, покажа анализата на основните производи во маркетите


Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците. …

Продажните цени растеле побавно од набавните, покажа анализата на основните производи во маркетите Read More »

УЕФА ја отфрли жалбата на Барселона за судењето во Лигата на шампионите


Прес-службата на Комисијата за контрола, етика и дисциплина на Унијата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја прогласи жалбата на Барселона против судењето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (0:2) за неприфатлива. -По првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, кој се одржа на …

УЕФА ја отфрли жалбата на Барселона за судењето во Лигата на шампионите Read More »

Ако САД ги зголемат царините, Кина ќе одговори со контрамерки, предупредува Пекинг


Кина се закани со противмерки ако САД „продолжат со зголемување на царините“ за што Пекинг тврди дека се засновани на лажни медиумски написи за наводна кинеска воена помош за Иран. – Извештаите во медиумите, во кои се обвинува Кина дека му обезбедува воена помош на Иран, се целосно измислени. Доколку САД продолжат да ги зголемуваат …

Ако САД ги зголемат царините, Кина ќе одговори со контрамерки, предупредува Пекинг Read More »

Започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025, мини МБА обука за идни лидери и претприемачи


Денес официјално започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот, мини МБА обука наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од Македонија. Програмата се реализира во организација на Македонија2025, во соработка со престижната бизнис школа „Ричард Ајви“ од Канада, а поддржана од партнерот Кроација Осигурување. Учесници од целата земја и оваа година ќе имаат можност да …

Започнува 18. издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025, мини МБА обука за идни лидери и претприемачи Read More »