Поранешниот градоначалник на Делчево договорил цена 12 пати пониска од другите понудувачи
Поранешен градоначалник на Делчево доби кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево. На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист.