Телото на новинарката Амал Халил извлечено по израелски напад во Либан


Телото на либанската новинарка Амал Халил е извлечено вчера по израелски напад во јужниот дел на Либан, соопшти претставник на либанската војска. Либанската цивилна одбрана соопшти дека спасувачите го извлекле телото на новинарката Амал Халил, која беше убиена во воздушен напад врз куќа во градот Ал-Тири, пренесува Ал Џезира. Новинарката Амал Халил, вработена во весникот …

Телото на новинарката Амал Халил извлечено по израелски напад во Либан Read More »

Пентагон: Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини би можело да трае до шест месеци


Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини кои, според американските проценки, ги поставила иранската војска, би можело да трае и до шест месеци, а таквата операција веројатно нема да биде спроведена додека не заврши војната меѓу САД и Иран, беше соопштено во извештај на Пентагон упатен до Конгресот. Проценката за време на затвореното излагање пред членовите …

Пентагон: Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини би можело да трае до шест месеци Read More »

Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место


Претендентите за функцијата генерален секретар на ОН неделава се заложија за организација која е поангажирана во мировните напори, но истовремено избегнуваа цврсти ставови за тековните кризи кои би можеле да ги вознемират државите од кои зависи нивната иднина. Чилеанката Мишел Башеле, аргентинецот Рафаел Гроси, костариканката Ребека Гринспан и сенегалецот Маки Сал, кои се надеваат дека …

Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место Read More »

Без струја делови од Карпош и Гази Баба поради зафати во електродистрибутивната мрежа


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, од 4.30 до 15.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош.  По известување добиено од ЕВН Македонија АД, РЦУК информира дека 8.30 до 14 …

Без струја делови од Карпош и Гази Баба поради зафати во електродистрибутивната мрежа Read More »

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина


Белата куќа синоќа ги минимизираше извештаите за ирански напади врз комерцијални бродови во Ормуската Теснина, тврдејќи дека медиумското известување ги преувеличува инцидентите. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави за Фокс Њуз дека извештаите се „преувеличени“ и имаат за цел да ја дискредитираат изјавата на претседателот Доналд Трамп дека конвенционалната морнарица на Иран е „целосно …

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина Read More »

Франција и Велика Британија ќе потпишат тригодишен договор за запирање на премините на мигранти преку Ла Манш


Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд се очекува денеска да потпише тригодишен договор вреден 662 милиони фунти (893 милиони долари) со Франција, со кој би можело да се создаде одред од 50 полицајци, обучени за „тактики за контрола на немири и толпи“, ангажирани за справување со насилството и „непријателските толпи“ на самиот брег, меѓу …

Франција и Велика Британија ќе потпишат тригодишен договор за запирање на премините на мигранти преку Ла Манш Read More »

Шок во Шпанија, Јамал во опасност СП. Ас: Општа тревога 49 дена пред Светското првенство!


Ламине Јамал (18) ѝ донесе на Барселона важна победа со гол од пенал во борбата за одбрана на титулата, но од синоќа во Шпанија, тој резултат од 1:0 против Селта не е главна тема. Јамал доби пенал во 39-тата минута и постигна гол од него, но веднаш се струполи на тревата и побара замена. Барселона …

Шок во Шпанија, Јамал во опасност СП. Ас: Општа тревога 49 дена пред Светското првенство! Read More »

ИЦЕ развива очила за препознавање лица за следење на граѓаните


Службениците на американската Служба за имиграција и царина (ICE) планираат да користат специјални очила за препознавање лица за собирање податоци во реално време за Американците, откри независниот новинар Кен Клипенштајн. Финансиските документи добиени од Клипенштајн укажуваат на развој на платформа за препознавање лица моделирана според комерцијално достапните паметни очила со вештачка интелигенција, како што се …

ИЦЕ развива очила за препознавање лица за следење на граѓаните Read More »

Конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“


Град Скопје денеска ќе организира меѓународна конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“ -Настанот ќе ги обедини водечките институции, градоначалници, европски партнери, експерти, универзитети и меѓународни организации со цел да се отвори стратешки дијалог за урбани политики, културен развој и одржливи европски практики, најави Град Скопје.

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само за финализирање на договорите за решавање на конфликтот. Путин е подготвен за средба со Зеленски, но разговорите треба да бидат продуктивни и да се одржат во фаза на „финализирање на договореното“, појасни Песков. „Клучно …

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор Read More »

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем


Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со чии законски измени почнува постапката за укинување на техничката влада, денеска е пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, во образложението вчера пред пратениците истакна дека  преодната, односно техничката …

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем Read More »

Собранието ќе ја продолжи 98. седница


Во Собранието денеска ќе продолжи 98. седница, на која пратениците ќе расправаат за повеќе предлог-закони по скратена постапка. На дневниот ред се Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, …

Собранието ќе ја продолжи 98. седница Read More »

Собраниската комисија за избори и именувања ќе формира Комисија за селекција на кандидати за член на ДКСК


Во Собранието денеска ќе одржи седница Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред е формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). За испразнетото место во Антикорупциската комисија, по оставката на Цвета Ристовска, на претходниот оглас беа пријавени петмина кандидати. Претходниот оглас за член …

Собраниската комисија за избори и именувања ќе формира Комисија за селекција на кандидати за член на ДКСК Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од државата ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во …

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време Read More »

Цената на нафтата надмина 101 долар


Цените на нафтата денес надминаа 101 долар, со продолжената американска поморска блокада на Иран и иранското пресретнување на бродови во Ормуз, што донесе доминација на проценките дека енергетските производи од регионот на Персискиот Залив нема да се вратат на светските пазари во краток рок. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне по цена повисока за …

Цената на нафтата надмина 101 долар Read More »

Новата унгарска влада ќе ги отвори архивите на тајната полиција од времето на комунизмот


Новата унгарска влада ќе ги отвори историските архиви на тајната полиција од комунистичкиот период, изјави Балинт Руф, кој ќе го води кабинетот на Петер Маѓар, кој се очекува да стане премиер на 9 мај. Партијата од десниот центар Тиса победи на изборите на 12 април, поразувајќи ја Фидес на долгогодишниот лидер Виктор Орбан, меѓу другото …

Новата унгарска влада ќе ги отвори архивите на тајната полиција од времето на комунизмот Read More »

Швајцарија бара вонсудско решение за трагедијата во Кран-Монтана


Швајцарската влада денеска соопшти дека поддржува вонсудско решавање на случајот со пожарот во бар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој загинаа десетици лица, претежно млади. Владата во Берн го назначи економистот и поранешен кантонален политичар Лоран Курт за претседател на тркалезна маса која треба да ги обедини жртвите, нивните семејства, осигурителните компании, потенцијално одговорните лица и …

Швајцарија бара вонсудско решение за трагедијата во Кран-Монтана Read More »

Последниот пакет влезници за СП2026 од денеска во продажба


ФИФА денеска го пушти во продажба последниот пакет влезници за Светското првенство, точно 50 денови пред стартот на мундијалскиот турнир во САД, Канада и Мексико. Светската куќа на фудбалот информираше дека навивачите можат да купат билети за сите 104 натпревари од Светското првенство на FIFA.com/tickets од 15:00 часот по средноевропско време. Досега се продадени повеќе …

Последниот пакет влезници за СП2026 од денеска во продажба Read More »

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади


Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата. Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, …

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади Read More »

Италија отвори истрага за „Букинг“


Италијанскиот регулатор објави дека започнал истрага за да утврди дали дигиталната платформа „Букинг“ (Booking.com) ги заведувала потрошувачите со рангирање и промовирање на домаќини со цел да обезбеди повисоки провизии. Истрагата се фокусира на „Програмата за претпочитани партнери“ и „Програмата за претпочитани партнери плус“, кои им се нудат на домаќините во рамките на платформата на „Букинг“. …

Италија отвори истрага за „Букинг“ Read More »