Без струја делови од Карпош и Гази Баба поради зафати во електродистрибутивната мрежа
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, од 4.30 до 15.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош.
По известување добиено од ЕВН Македонија АД, РЦУК информира дека 8.30 до 14 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од ул. „Роман Каскалиевиќ“ во населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, а од 9 до 12 часот и корисниците од улиците „Нерешка“, „Теодосиј Синаитски“ и „Жданец“ во општина Карпош.