Од недела ќе функционираат семафорите на булевар „Македонија“


Од недела, екипи на ЈП”Улици и патишта”-Скопје ќе ги пуштат во функција новите семафори на крстосниците помеѓу булевар „Македонија” со улица „11 Октомври” и улица „Пролет” и на крстосницата булевар „Македонија” со булевар „Борис Трајковски”.

На семафорите ќе ни биде воведен нов траен сообраќаен режим за сообраќај, што подразбира воведување на нови светлосни сигнали и целосно нова хоризонтална и вертикална сигнализација и сообраќајна опрема, информираат од претпријатието.