Во петок и сабота – стабилно, од недела повторно поројни дождови попладне


Фото: Б. Грданоски

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето во следните денови: Во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.