Која е разликата помеѓу блокадите на Ормускиот теснец од страна на САД и Иран?


Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран е „чудно“ бидејќи блокадата на САД „веќе го затвори преминот“ покрена прашања за тоа што всушност подразбираат мерките што ги спроведуваат двете страни. Иако обете политики се нарекуваат блокади, методите на нивно спроведување и целите се значително различни. Иран, преку …

Која е разликата помеѓу блокадите на Ормускиот теснец од страна на САД и Иран? Read More »

Стерјо Папули нов претседател на Партијата на Власите од Македонија


Вчера, на 18 април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, Партијата на Власите од Македонија го одржа својот VI Конгрес, на кој беа донесени клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата. На Конгресот беше спроведено гласање за избор на нов претседател на партијата. Делегатите, во согласност со статутарните …

Стерјо Папули нов претседател на Партијата на Власите од Македонија Read More »

Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време


СДСМ е подготвен за избори во секое време – утре, наесен или догодина, а целта е враќање на власта во рацете на граѓаните и обезбедување демократска власт која ќе го продолжи европскиот пат на државата, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Филипче нагласи дека партијата ќе се бори …

Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време Read More »

Отров за стаорци пронајден во храна за бебиња во продавници во Австрија


Австриската полиција доцна синоќа соопшти дека отров за стаорци е пронајден во тегла со храна за бебиња HiPP, откако производот беше повлечен од повеќе од 1.000 супермаркети SPAR во земјата поради безбедносни причини. Австриската полиција соопшти дека примерок од една од теглите со храна за бебиња од 190 грама со вкус на морков и компир, …

Отров за стаорци пронајден во храна за бебиња во продавници во Австрија Read More »

Македонија со павиљон и уметнички настап на „Muse-X Expo Festival“ во Тирана


Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), соопшти Министерството за култура.  Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцирала важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи …

Македонија со павиљон и уметнички настап на „Muse-X Expo Festival“ во Тирана Read More »

Враќањето на ДДВ за дизел-горивата на 18 проценти дополнително ќе ги погоди граѓаните, вели Филипче


Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Христијан Мицкоски, а последиците се чувствуваат со празни џебови и празни фрижидери, оцени денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција, посочувајќи дека СДСМ уште пред два месеца предупредувала и барала конкретни мерки, веднаш по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Како особено проблематично го посочи …

Враќањето на ДДВ за дизел-горивата на 18 проценти дополнително ќе ги погоди граѓаните, вели Филипче Read More »

Владата го врати ДДВ за дизелот на 18 отсто, Мицкоски вели сме биле трети во Европа според преземените мерки


Македонија е меѓу трите европски држави што презеле најобемни мерки за ублажување на ефектите од ценовните шокови, а од утре се очекува ново поевтинување на бензините и дизел-горивото за денар и половина, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Владата, инаку, на вчерашната седница го врати ДДВ за дизел-горивото на 18 проценти, наместо претходните 10 проценти, бидејќи, …

Владата го врати ДДВ за дизелот на 18 отсто, Мицкоски вели сме биле трети во Европа според преземените мерки Read More »

Нова планинарска патека на Пелистер


Вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ во соработка со Extreme Bike Team Bitola викендов извршија целосно уредување на планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари.  Локацијата Лоша Стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има Националниот парк „Пелистер“ и се наоѓа на …

Нова планинарска патека на Пелистер Read More »

Приказни за животните, музички хепенинг… Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина


Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ …

Приказни за животните, музички хепенинг… Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина Read More »

Израел ја подели територијата под своја контрола во јужен Либан на три безбедносни зони


По постигнатото примирје со либанската Влада, Израел го подели делот од јужен Либан под негова контрола на три зони, објавија денескаизраелските медиуми, пренесе Хина. Таканаречената црвена линија се однесува на првиот ред села лоцирани директно на израелско-либанската граница, пишува израелскиот весник „Једиот Ахронот“. Повеќето од зградите таму веќе се уништени и во областа нема повеќе …

Израел ја подели територијата под своја контрола во јужен Либан на три безбедносни зони Read More »

(Видео) Страотен пожар во село во Малезија, уништени се илјада куќи и илјада луѓе се раселени


Илјадници луѓе се раселени откако пожар денеска уништи околу 1.000 домови во крајбрежно село во малезиската сојузна држава Сабах на островот Борнео, соопшти противпожарната бригада. Властите беа известени за пожарот во округот Сандакан околу 1:32 часот по локално време, изјави командантот на противпожарната и спасувачка служба на округот Џими Лагунг. – Поради силните ветрови и …

(Видео) Страотен пожар во село во Малезија, уништени се илјада куќи и илјада луѓе се раселени Read More »

Лажни дојави за бомби го паузираа неделниот шопинг во Ист гејт и Дајмонд мол (фото)


Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје.  По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР.  …

Лажни дојави за бомби го паузираа неделниот шопинг во Ист гејт и Дајмонд мол (фото) Read More »

Преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат идната недела


Преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат пред петок, изјавија денеска два пакистански безбедносни извори. Извори за Ал Џезира, под услов да останат анонимни, истакнаа дека до овој заклучок дошле врз основа на „слетувањето на два американски тешки транспортни авиони, C-17 Глубмастерс, во воздухопловната база Нур Кан во Равалпинди“, во близина на пакистанскиот …

Преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат идната недела Read More »

Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане изгореа сува трева, смрека и дабова шума


Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вечра кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи. -Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за плаинско село. Успеавме да го изгасиме по неколку часовна интервенција – изјави команирот на …

Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане изгореа сува трева, смрека и дабова шума Read More »

Мицкоски лично ќе гарантирал дека рудникот за антимон нема да загадува


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека лично ќе гарантира дека рудникот за антимон нема да ја загрози животната околина. Коментирајќи ги забелешките на СДСМ и нивното барање за референдум, тој рече дека распишувањето референдум што го побара СДСМ, за рудникот за антимон во Кривопаланечко не може да се оспори бидејќи е уставно загарантирано, но истовремено …

Мицкоски лично ќе гарантирал дека рудникот за антимон нема да загадува Read More »

Мицкоски разочаран од нискиот одзив на македонските Бугари за изборите во Бугарија, посакува проевропски премиер


Премиерот Христијан Мицкоски е „благо разочаран“ од одзивот на македонските граѓани кои се декларираат како Бугари, да гласаат на денешните парламентарни избори кои што се одржуваат во оваа соседна земја. Истовремено, тој очекува бугарските гласачи да изберат проевропски премиер кој ќе биде „добрососедски ориентиран“ и посветен на исполнувањето на Копенхашките критериуми, а не на билатерални …

Мицкоски разочаран од нискиот одзив на македонските Бугари за изборите во Бугарија, посакува проевропски премиер Read More »

Дарио Ивановски втор низ целта на маратонот во Белград


Македонскиот рекордер Дарио Ивановски забележа денеска огромен успех со освојувањето на второто место на престижниот Белградски маратон што се одржа по 39. пат во силна конкуренција. Најдобриот македонски маратонец ја истрча патеката со време од 2:09:35 часа, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Маратонецот од Етиопија мина прв низ целта со време од …

Дарио Ивановски втор низ целта на маратонот во Белград Read More »

ЕК предлага работа од дома и субвенции за транспорт за да ја намали потрошувачката на горива


Европската комисија ќе го охрабри работењето од дома и субвенциите за јавниот превоз за да се намали потрошувачката на фосилни горива, додека земјите се справуваат со шокот на цените на енергијата предизвикан од војната на Блискиот Исток. Следната недела, Комисијата ќе им претстави на земјите-членки низа мерки за намалување на побарувачката, подобрување на енергетската ефикасност …

ЕК предлага работа од дома и субвенции за транспорт за да ја намали потрошувачката на горива Read More »

За Украина вчерашното масовно убиство на цивили во Киев е „терористички напад“,


Украинската служба за безбедност го класифицира вчерашното масовно убиство на цивили во Киев како „терористички напад“, објави Укринформ. Маж вчера убил шест лица во украинскиот главен град пред да биде убиен од полицијата. Според најновите податоци, најмалку 14 лица се повредени. Покрената е прелиминарна истрага. Според достапните информации, злосторството го извршил маж роден во 1968 …

За Украина вчерашното масовно убиство на цивили во Киев е „терористички напад“, Read More »

Независноста на НБ и фискалната консолидација во фокусот на средбата на Славески и Димитриеска Кочоска во ММФ


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески и министерката за финансии Димитриеска – Кочоска остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон, соопштија во одделни соопштенија од НБ и МФ. Разговорите, како што се наведува во соопштението на …

Независноста на НБ и фискалната консолидација во фокусот на средбата на Славески и Димитриеска Кочоска во ММФ Read More »