Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер


Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма […]

До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, до 1 јули списокот ќе се најде пред пратениците


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот. – Во интерес […]

Синдикалната минимална кошница во јуни 68.654 денари, намалена за 88 денари во однос на мај


Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница.  Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари.  За храна биле […]

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе


Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Од Клиничката болница во Штип за МИА изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените […]

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад- поднесовме 50 амандмани


Предлог-законот за судска служба на Министерството за правда, наместо да претставува реформски чекор напред, е опасен обид за враќање на судството две децении наназад и за дополнително зајакнување на влијанието на извршната власт врз судската власт, се наведува во соопштението од ПП Левица. „Токму затоа Левица поднесе 50 амандмани, изработени врз основа на предлозите и […]

Славе Ѓорѓо Димоски, Зоран Јакимоски и Јовица Ивановски гостуваат на поетски фестивал во Загреб


Од 18 до 21 јуни во Загреб и во Врбовец се одржува 15-тото издание на престижниот меѓународен поетски фестивал „Стихот во региот“ на кој ќе се претстават 50-на учесници од десет земји од Европа и светот. Меѓу нив се и македонските поети Славе Ѓорѓо Димоски и Зоран Јакимоски што гостуваат во рамки на книжевната размена […]

Новите фотографии од свадбата на Бетина Трамп ја покажуваат едноставната елеганција


Насау – Речиси еден месец по нивната свадба за време на викендот на Денот на сеќавањето на Бахамите, Бетина Трамп конечно им дава на обожавателите можност да го видат одблизу нејзиниот фустан, церемонијата и тој неверојатен дијамантски прстен. Новата госпоѓа Трамп неодамна сподели вртелешка од претходно необјавени фотографии од свадбата на Инстаграм, со описот на […]

Интернет преку оптичка мрежа користат 228.581 претплатници, со широк опсег 555.415


Бројот на претплатници  со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал лани во државава изнесувал 228.581 – раст од 2,57 проценти споредено со претходниот квартал, а од 14,24 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации.  Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку […]

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава


На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта […]

Без струја дел од Кисела Вода


Без струја денеска ќе бидат дел од жителите на скопската населба Кисела Вода. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08:30-15:30 часот на ул.Герника 1,2,3,4,5,6,7,8,9 и 10, ул.Иван Хаџиниколов 1,3,5,7 и 9 и дел од ул.Методија Патчев и ул.Амтон Димитров (општина Кисела Вода), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. 

Селекторот на Турција: Во фудбалот сум 35 години. Ова се случува еднаш во 50 години


Сан Франциско – Репрезентацијата на Турција има уште само еден натпревар на Светското првенство и го завршува настапот на Мундијалот. Клучно за елиминацијата на Турција беше поразот утрово од Парагвај со 1:0. Италијанскиот тренер на клупата на Турција, Винченцо Монтела смета дека среќата не беше на нивна страна, имаа голем број на шутеви на двата […]

Во Боливија е прогласена вонредна состојба. Претседателот се обрати до нацијата


Ла Паз – Претседателот на Боливија Родриго Паз денеска прогласи вонредна состојба во земјата, поради ескалација на кризата предизвикана од 50-дневните антивладини протести што ја парализираа националната економија. Одлуката, објавена од шефот на државата во обраќањата до нацијата, отвора врата за мобилизација на воени сили низ целата земја во обид да се воспостави ред. Боливиските […]

Птичјиот грип пристигна на сите континенти


Австралија го потврди својот прв случај на птичји грип H5N1, со што високо заразниот сој на вирусот се појави на последниот континент каде што не е регистриран. Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека болеста е откриена кај птица преселница, кафеавата рибарка, во оддалечена област на Западна Австралија, објави Би-Би-Си. Министерката за земјоделство Џули Колинс изјави […]

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар


Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот авион Боинг 747-8 кој ќе служи како Ер Форс Уан. Авионот беше дониран на САД од страна на катарската влада минатата година како она што беше опишано како „безусловен“ подарок. Американската војска ги заврши модификациите на луксузниот авион, чија вредност се проценува на околу 400 милиони долари. „Овој […]

Почина Џејмс Бароус, легендарниот режисер на култни комедии


Џејмс Бароус, еден од најважните и најплодните режисери во телевизиската историја, почина во петок на 85-годишна возраст. 11-кратен добитник на Еми наградата и ко-креатор на иконската серија „Cheers“, Бароус режираше повеќе од илјада епизоди на телевизија, вклучувајќи ги и пилот-епизодите за „Пријатели“, „Фрејзер“ и „Вил и Грејс“, обликувајќи ја модерната телевизиска комедија. „Го славиме извонредниот […]

Ѝ албанската влада го одобри „One Stop Shop“ со Македонија


 Албанската влада на седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Македонија. -Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната […]

ОЈО ГОКК ја презема истрагата за палењето на возилата на бугарската амбасада


Загрозени биле лица под меѓународна заштита – ОЈО ГОКК ја презема истрагата за палењето на возилата на бугарската амбасада. Основното јавно обвинителство Скопје му ја предаде истрагата за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасадата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК. „Постапувајќи по поднесената пријава во врска со […]

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија


Вашингтон – Американскиот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се на пат кон Швајцарија за да ги продолжат мировните преговори, објави Аксиос. Иран и САД потпишаа рамковен договор во средата кој предвидува сеопфатен крај на воените конфликти во регионот. Првичната рунда разговори меѓу Иран и САД планирана за петок, чија […]

Зошто „Кармина бурана“ на Карл Орф е толку магична?


Величествената музика на Орф, вечерва, во 21 часот, во Градски парк, ќе биде Балкан во мало на музички план. Не очекува голем музички спектакл, на која ќе биде изведена грандиозната музичко-сценска кантата ‘Кармина бурана’ од Карл Орф, под отворено ѕвездено небо со Македонската, Софиската и Солунската филхармонија, како традиционален завршен концерт на Филхармонија. По нејзината […]

Tоварен воз падна од мост во Минхен


Минхен – Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА. Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот. Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува […]