УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации


Управата за јавни приходи (УЈП) го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта, информира денеска прес-службата на УЈП.  Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна […]

Стресот и пушењето цигари може да активираат или влошат автоимуни заболувања


Кога сме подолг период изложени на стрес, доаѓа до промени во лачењето на кортизолот и другите стресни хормони. Тоа може да доведе до нарушување на имунолошката рамнотежа и до несоодветен одговор на имунолошкиот систем. Токму поради тоа, кај одредени лица може да се активираат или влошат автоимуни заболувања, нагласува во интервју за МИА проф. д-р […]

Во Кочани изложба на фудбалски дресови посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот


Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде отворена  изложба на 50 автентични фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко, кои се дел од приватната колекција на Николчо Делов. Колекцијата е сведоштво за упорноста, успехот и припадноста, приказни испишани преку спортот, пријателството и заедничката меморија.  Изложбата е посветена […]

Луксузни свадбени патувања и романтични бегства во Турција


Со изолирани ресорти, приватни базени, спа-центри од светска класа и извонредна гастрономија, Турција се издвојува како врвна дестинација за луксузни романтични и свадбени патувања. Благодарение на лесната достапност преку глобални авионски врски и ВИП-услугите со богат избор на ексклузивни доживувања, земјата привлекува многу патници желни за незаборавни романтични искуства. Со својата медитеранска клима во текот […]

Шербеџија му гостува на новиот албум на Иван Кукиќ во издание на „Кроација рекордс“


Македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ го објави новиот албум „Začarani krug“, издание кое носи единаесет авторски песни и го продолжува неговиот препознатлив музички пат на кој спојува различни жанровски влијанија и врвно музичко мајсторство. По албумот „Sunday vibes“, објавен во 2023 година за Croatia Records, Кукиќ, и овој пат под закрилата на најголемата […]

Kамерен концерт „Musica Sacra Barocca“ во рамки на „Скопско лето“


На програмата на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, вечер со почеток во 20:30 часот во Католичката катедрална парохија „Пресвето срце исусово“, ќе се одржи камерен концерт насловен „Musica Sacra Barocca“. Изведувачи се Дубровничкиот гудачки квартет – Слободан Бегиќ – виолина, Кармен Бегиќ – виолина, Ива Нодило – виолончело, Анте Блажевиќ – оргули, а солисти […]

Уругвај непоразен во последните три натпревари на Мундијалите


Мајами- Уругвај ремизираше 2:2 со Зелено’ртските Острови ноќеска во Мајами во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Уругвај е непоразен во последните три натпревари на фудбалските Мундијали. Нивната последна подолга серија без пораз беше четири натпревари од 15 јуни 2018 година до 30 јуни 2018 година. Уругвај, исто така, ремизираше со Саудиска […]

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час


На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.  Сообраќајот на државните патишта се одвива […]

СП 2026: Прва победа за Египет


Ванкувер – Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство. Египет со […]

Без струја три улици во Карпош


Без електрична енергија  денеска од 09.00 до 14.00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул.„Ангел Динев“ ( ОУ „Димо Хаџи Димов“), дел од ул.„Мраморец“ бр.7,9,11,13,15,17,19,21,23,25,27,29,52,53,55,57,59, како и дел од ул.„Есперанто“ во општина Карпош. За прекинот во снабдувањето со електрична енергија информира РЦУК – Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија.

Мицкоски денес на средба со маркетите


Премиерот Христијан Мицкоски најави нов состанок за денес со маркетите и со дистрибутерите, но и законски измени со кои десеткратно ќе бидат зголемени казните за фирмите кои ќе имаат нефер трговски практики. Пред два дена тој ги повика компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да пријавуваат нефер трговски практики за да може државата да интервенира во […]

Денес одлука за намалување на цените на горивата


За новата цена на горивата кај нас  денес ќе одлучува Регулаторната Комисија за енерегетика. Според пресметките на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар. Премиерот Мицкоски претходно рече дека очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран.   […]

„Аустриан Ерлајнс“ почна да лета од Виена до Охрид


Воведувањето на авиолинијата Виена – Охрид има огромно значење за Охридскиот аеродром. Ќе придонесе за поголем број странски туристи и за економски равзој на Охрид и Охридскиот Регион, оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид викендов слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна […]

„Моменти против времето“ – фотоизложба на осум автори од Хрватска во „Галерија Рудиќ“


 Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“  на осум фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. – Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на […]

СП 2026: Без победник на дуелот меѓу Белгија и Иран


Лос Анџелес – Во групата Г и третиот натпревар заврши без победник откако синоќа Белгија и Иран одиграа без голови 0:0. Со овој резултат двете репрезентации остануваат во игра за пласман во следната фаза, но во многу нешто ќе зависи од вториот дуел од групата меѓу Египет и Нов Зеланд. Репрезентацијата на Иран во 25.минута […]

СП 2026: Прва победа за Шпанија на Мундијалот


Атланта – Репрезентацијата на Шпанија во второто коло од групата Х  вчера ја постигна првата победа откако ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија со 4:0. Прашањето на победникот Шпанците го решија до средината на првиот дел кога имаа предност од три голови. Серијата голови ја почна Ламин Јамал во 10.минута, а потоа со двата гола […]

Сончево претпладне, попладне дожд и грмежи


Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 22 јуни 2026 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  192 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино


Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот […]

Невреме со град ги зафати Словенија и Австрија


Силни грмотевици придружени со град погодија денес неколку австриски федерални покраини, а појасот на бура се помести над Словенија во раните попладневни часови. Црвено предупредување е издадено во Австрија, додека Словенечката агенција за животна средина (Арсо) го зголеми предупредувањето на портокалово за североистокот на земјата поради можноста за бури, обилни дождови и град, објавуваат Heute […]