Сменет германскиот генерален конзул во САД поради сексуално вознемирување на колешка


Берлин – Германскиот генерален конзул во САД, Тил Кнорн, е отстранет од својата функција поради обвинувања за сексуално вознемирување на колешка.

Тој е повикан назад во Берлин со кратко известување, објави „Билд“.

„Германскиот генерален конзул Тил Кнорн го заврши својот мандат во Њујорк. Карстен Рипке привремено го презеде раководењето со Генералниот конзулат. Претходно беше заменик на Кнорн“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Вработена во конзулатот наводно го обвинила главниот дипломат за сексуално вознемирување, но наводно обвинувањето не довело до никаква дисциплинска мерка или кривична истрага.

Министерството за надворешни работи одби да коментира за случајот, а како што објавува „Билд“, општото правило е дека вработените имаат право да поднесат формална жалба според Законот за општ еднаков третман, а во постапката за жалби се разјаснува и документира писмено дали се случила дискриминација.
Како генерален конзул, Кнорн имал блиски контакти со американските гувернери.