Паулина Поришкова (61) се омажи со ТВ сценарист во Фиренца
Фиренца – Паулина Поришкова (61) и нејзиниот партнер Џеф Гринштајн се венчаа по три години врска. Тие ја споделија среќната вест вчера во видео на Инстаграм снимено од балкон во Фиренца, објавува InStyle.
Во видеото, тие објаснија дека венчавањето во Италија е прилично комплициран процес за странците и дека им биле потребни седум месеци за да ги соберат сите потребни документи. Откако ги надминале сите пречки, тие конечно станале законски сопружници.
„Имаме толку многу да ви кажеме, но во моментов се обидуваме да се посветиме на нашите најблиски кои патувале од далеку за да бидат со нас и едноставно да уживаат во нашето омилено место со нашите омилени луѓе“, напиша Поришкова, која се појави во видеото во црвено-бели пругасти бикини. „Ќе има уште многу!“
Љубовна приказна
61-годишната поранешна манекенка и Гринштајн, телевизиски сценарист, почнаа да се забавуваат во 2023 година и се свршија минатата година. Поришкова претходно беше во брак со музичарот Рико Окасек, со кого има два сина, Џонатан и Оливер. Двојката се раздели во 2017 година по речиси 30 години брак.
Пред да се сврши во јули 2025 година, Поришкова зборуваше за својот нов пристап кон љубовта за време на гостувањето во емисијата „Today“.
Во 80-тите Поришкова, по потекло Чехинка, беше една од најубавите и најбарани модели. Откако се омажи се повлече од јавноста и ретко се појавуваше на модните писти и во рекламите.
