Британски полицајци го обезбедувале принцот Ендрjу на забавата на Епштајн


Лондон – Британски полицајци служеле како обезбедување за братот на британскиот крал Чарлс III, Ендрју Маунтбатен-Виндзор, на забава организирана од осудениот американски сексуален престапник Џефри Епштајн во 2010 година, објави денес „Тајмс“. Документите неодамна објавени од Министерството за правда на САД како дел од досието на Епштајн покажуваат дека двајца службеници за кралска заштита од …

Британски полицајци го обезбедувале принцот Ендрjу на забавата на Епштајн Read More »

Холандија официјално го доби својот најмлад и прв геј премиер


Амстердам – Роб Јетен денес стана најмладиот премиер и првиот геј премиер во холандската историја, откако кралот Вилем-Александар официјално ја потврди својата малцинска влада. Јетен, 38, ја предводеше својата прогресивна, проевропска партија Д66 до изненадувачка изборна победа минатиот октомври по оптимистичка кампања во која ветуваше крај на политиките на поделба што ги сметаше за спроведувани …

Холандија официјално го доби својот најмлад и прв геј премиер Read More »

Ова е актерот што ги победи Дикаприо и Шаламе на БАФТА 2026


Лондон– Во најзачудувачкиот момент на доделувањето на филмските награди БАФТА во синоќа, Роберт Арамајо направи изненадување што може веднаш да ја промени неговата кариера и трката за Оскарите следната година. Британскиот актер ја освои наградата за најдобар актер над конкуренцијата во која беа вклучени фаворитите Тимоти Шаламе, заедно со Леонардо Дикаприо и Мајкл Б. Џордан, …

Ова е актерот што ги победи Дикаприо и Шаламе на БАФТА 2026 Read More »

Марго Роби не се откажува од „гол фустан“, сега избра Шанел


Марго Роби моментално е во родната Австралија за Тропфест, најголемиот фестивал на краток филм во светот, каде што годинава е претседател на жирито. Во сабота, 21 февруари, актерката се појави на црвениот тепих од глава до пети во Шанел. Таа избра креација која неодамна беше претставена на ревијата за висока мода на куќата пролет/лето 2026, …

Марго Роби не се откажува од „гол фустан“, сега избра Шанел Read More »

Мексико во пламен по убиството на нарко-босот Ел Менчо. Туристите бегаат


  Немесио Осегуера Сервантес, попознат како Ел Менчо, најбараниот човек во Мексико и водач на озлогласениот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), е убиен за време на безбедносна операција. Министерот за одбрана на Мексико потврди дека Ел Менчо починал вчера од сериозни повреди здобиени во судирите со војската додека бил транспортиран со авион во главниот град …

Мексико во пламен по убиството на нарко-босот Ел Менчо. Туристите бегаат Read More »

Најдобрите изгледи од црвениот килим на БАФТА 2026


Лондон – Преку океанот, филмската индустрија синоќа се собра за доделувањето на наградите  BAFTA , на Британската филмска академија, чиј водител беше Алан Каминг во Ројал Алберт Хол. Како што Оскарите се приближуваат, сме во точката од сезоната на награди каде што енергијата навистина се зголемува. Со неколку филмски доделувања зад себе, ѕвездите почнаа да …

Најдобрите изгледи од црвениот килим на БАФТА 2026 Read More »

Вилијам и Кејт на црвениот килим на БАФТА среде драмата во кралското семејство


Лондон – Вилијам и Кетрин, принцот и принцезата од Велс заедно се вратија на гала доделувањето на филмските награди БАФТА по три години, среде драмата во кралското семејство. Принцот Вилијам, облечен во бордо кадифено сако и црна вратоврска, и Кетрин (порано позната како Кејт Мидлтон) во розов фустан од Гучи до подот, прошетаа по црвениот …

Вилијам и Кејт на црвениот килим на БАФТА среде драмата во кралското семејство Read More »

Украина станува нација на вдовици и сирачиња


Киев – Олена Билозерска и нејзиниот сопруг отсекогаш знаеле дека сакаат деца. Таа имала 34 години и била подготвена да се обиде кога избувнала војната во источна Украина во 2014 година. Но, двајцата се приклучиле на борбите, а нивните планови за дете морале да бидат одложени. Кога Билозерска ја напуштила војската, имала 41 година, а …

Украина станува нација на вдовици и сирачиња Read More »

Додека протекуваа мејловите на Епштајн, Ферги била во клиника во Швајцарија


Лондон – Поранешната сопруга на Ендру Маунтбатен-Виндзор, Сара Фергусон, е примена во една од најскапите клиники за велнес во светот откако беа објавени нејзините е-пораки до Џефри Епштајн, објави денес британскиот Телеграф. Фергусон наводно резервирала престој во клиниката Парацелзус во Цирих, Швајцарија, кој чини 13.000 фунти на ден. Последен пат била видена јавно на 12 …

Додека протекуваа мејловите на Епштајн, Ферги била во клиника во Швајцарија Read More »

Убедлива победа на Арсенал над Тотенхем


Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем Хотспур со 4-1 на гостински терен вечерва во натпреварот од 27-то коло од англиската Премиер лига. Два гола за Арсенал постигнаа Еберечи Езе во 32-та и 61-ва минута и Виктор Џекереш во 47-та и 90+4-та минута. Единствен стрелец за Тотенхем беше Рандал Коло Муани во 34-та минута. Хрватскиот тренер …

Убедлива победа на Арсенал над Тотенхем Read More »

Марихуаната од Македонија во Србија влегла како „квалитетни лесни перници“?


Во емисијата „Код“ на Телма вечерва беа откриени детали за тоа како марихуаната која што беше фатена во Србија во Коњух била транспортирана од Македонија во Србија. Имено, според „КОД“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија. Но, во камионот наместо …

Марихуаната од Македонија во Србија влегла како „квалитетни лесни перници“? Read More »

Владата организира тим-билдинг за 5 милиони денари – дестинации Охрид, Берово и Струмица


Вкупно 80 илјади евра планира да потроши Генералниот секретаријат на Владата за да ги носи своите административци на тридневни тим-билдинзи во Охрид, Берово и Струмица, објави СДК. Тим-билдингот, според описот во повикот, е наменет за вработените во канцелариско работење, односи со јавноста и друго. За јакнење на тимскиот дух планирани се седум групи административци од …

Владата организира тим-билдинг за 5 милиони денари – дестинации Охрид, Берово и Струмица Read More »

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали


Милано– Норвешка е најуспешна нација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано-Кортина со рекордни 18 златни медали и вкупно 41. Норвешките олимпијци освоија и 12 сребрени и 11 бронзени медали, а историски успех постигна Јоханес Клебо, кој ги освои сите шест златни медали во крос-кантри. Норвешка претходно беше најуспешна нација на Игрите во 1924, …

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали Read More »

Ова е младиот човек кој вооружен упадна на имотот на Трамп, беше убиен


Мајами– Американските медиуми објавија фотографија од маж за кој постои сомневање дека денеска влегол со оружје во комплексот Мар-а-Лаго во Флорида, сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, поради што беше застрелан од припадници на Тајната служба. Според американските медиуми, станува збор за 21-годишниот Остин Такер Мартин од Северна Каролина. Неговото семејство претходно го пријавило како …

Ова е младиот човек кој вооружен упадна на имотот на Трамп, беше убиен Read More »

На најмалку шест компании за одгледување на медицинска марихуана ќе им се одземе лиценцата, вели Алиу


Од досега процесуирани десет компании кои имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма. -Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот, …

На најмалку шест компании за одгледување на медицинска марихуана ќе им се одземе лиценцата, вели Алиу Read More »

Снегот принуди 500 патници да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен


Минхен – Околу 500 патници биле принудени да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен среде зима, соопшти денеска портпарол на германскиот авиопревозник Луфтханза. Патниците веќе се качиле на своите летови, закажани за четврток навечер, кога биле откажани поради обилни снежни врнежи, пренесува ДПА. Патниците не можеле да се вратат на терминалот поради недостаток на автобуси …

Снегот принуди 500 патници да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен Read More »

Кој е новиот македонски почесен конзул во Србија што ги скара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?


СДСМ прво на прес-конференција го проблематизира изборот на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија. Седиштето на конзулатот е во Панчево. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска рече дека Адамовиќ пред околу еден месец од српското Министерство за надворешни работи ја добил егзекватурата, а покажа и фотографија од настанот. Кузеска сподели негова стара објава …

Кој е новиот македонски почесен конзул во Србија што ги скара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Read More »

Сообраќајот се одвива во зимски услови, без подолги задржувања на граничните премини


 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). Од таму посочуваат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, …

Сообраќајот се одвива во зимски услови, без подолги задржувања на граничните премини Read More »

Џулија Робертс открива кого смета за највредна актерка во Холивуд


Холивуд често зборува за талент и среќа, но многу успеси сепак се сведуваат на напорна работа. Џулија Робертс неодамна откри кого смета за највредна актерка во филмската индустрија, а тоа е Мерил Стрип. Зборувајќи за својата колешка, Робертс нагласи дека таа е пример за тоа како посветеноста е важна за долготрајна кариера. Нејзините зборови дополнително …

Џулија Робертс открива кого смета за највредна актерка во Холивуд Read More »

Трамп најави нови тарифи, ЕУ сака да се врати на лани „Договор си е договор“


Европската комисија денес побара САД да се придржуваат до условите од трговскиот договор меѓу ЕУ и САД постигнат минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи таканаречените реципрочни тарифи на Доналд Трамп, но тој одговори со воведување нови тарифи за сè. „Договор си е договор“ Комисијата, која преговара за трговската политика во име на …

Трамп најави нови тарифи, ЕУ сака да се врати на лани „Договор си е договор“ Read More »