Неделава многу топло, до 40 степени
Многу топло време со температури и до 40 степени, најавува УХМР за оваа недела. Зголемена ќе биде и влажноста на воздухот поради што, според УХМР, чувството ќе биде дека температурите се повисоки од измерените. Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над 30, а во среда се очекува да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9. …