Загина млад мотоциклист


Во неделата вечерта, во тешка сообраќајка меѓу мотор и камион, загина 30-годишен мотоциклист.

Во 22.50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-село Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од село Стојаково, и товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.
Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, соопшти полицијата.