Бура во Мексико, Гвадалахара покриен со град


Шест предградија на мексиканскиот град Гвадалахара се прекриени со дебел слој на мраз откако градот го погоди силна бура со град. На одделни места слојот на градот беше дебел 1,5 метар, а одделни автомобили беа до половина затрупани, јави Би-Би-Си.

Цивилната одбрана распореди машини за да ги исчистат улиците на тој петмилионски град.

Нема повредени во невремето. Во бурата оштетени се 200 куќи и десетици автомобили.