Автомобил удри во мотор, повреден малолетник и повозрасен маж


Во неделата на регионалниот пат Кочани-Пониква, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и мотор, при што со тешки повреди се здобиле малолетниот возач на моторот и неговиот сопатник.
Имено, во 14.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.М. (42) од Штип и мотоцикл „Зонгшен“ без регистарски ознаки управуван од 17 годишно лице од село Бели каде сопатник бил Ј.К.(69) од истото село.
Во незгодата  со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот кои биле пренесени во Јавната здравствена установа-Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.