Се одложи „шамарите“ во Центар, Јанакиески не беше спроведен од Шутка


Фото: Б. Грданоски
Рочиштето за „шамарите“ во Центар се одложи бидејќи поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е обвинет во овој предмет не беше спроведен од затворот во Шутка.
Наредбата за спровод на Јанакиески била испратена за тој да се донесе  во судот од домашен притвор, а во меѓувреме тој заврши во Шутка.
Во петокот, тој беше повторно уапсен за нелегална продажба на државно земјиште.