Неделава многу топло, до 40 степени


Многу топло време со температури и до 40 степени, најавува УХМР за оваа недела.

Зголемена ќе биде и влажноста на воздухот поради што, според УХМР, чувството ќе биде дека температурите се повисоки од измерените.

Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над 30, а во среда се очекува да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Утре минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, а максималната од 31 до 39 степени. Во овој интервал температурата ќе се движи и во наредните денови.

УХМР информира и дека од среда до петок во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.