Од утре сончево и многу топло време


Под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека максималните температури ќе достигнат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност. …

Од утре сончево и многу топло време Read More »

На Нов Зеланд прва пресуда за робовладетелство


Судот на Нов Зеланд го осуди на 11 години затвор 66-годишен Џозеф Матамата од Самоа поради робовладетелство. Тој изминатите 24 годиниа ги намамувал жителите на Самоа ветувајќи им добро платена работа, а потоа мигрантите работеле без надомест на неговата фарма и во неговито дом, а ако одбиеле биле претепувани. – Случајот со трговецот на робови …

На Нов Зеланд прва пресуда за робовладетелство Read More »

Од утре предвремена и етапна исплата на пензиите за јули


Исплатата на пензии за јули почнува од утре, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде додаваат и дека со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките …

Од утре предвремена и етапна исплата на пензиите за јули Read More »

Двајца загинаа во сообраќајки, повеќемина повредени


  Пешак и мотоциклист се двете жртви, кои во неделата загинаа в сообраќајни незгоди во Македонија. Имено, пешакот бил прегазен со автомобил на скопската обиколница, а мотоциклистот загинал при судар со автомобил во Радовишко. Во неделата, околу 10.10 часот на автопат Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за село Кондово, патничко возило „бмв …

Двајца загинаа во сообраќајки, повеќемина повредени Read More »

Германските работодавачи ги одложуваат правилата за заштита од Ковид-19


Шест месеци по почетокот на епидемијата на корона вирусот, во Германија се уште нема унифициран правилник за заштита на вработените. Министерството за труд кон средината на април објави препораки, но се уште не постојат обврзувачки правила на германско ниво, а според весникот „Зидојчеце цајтунг“ за тоа се виновни работодавачите. Одредени здруженија на работодавачи се обидуваат …

Германските работодавачи ги одложуваат правилата за заштита од Ковид-19 Read More »

Алијанса за Албанците и Алтернатива маршираат за демократија


Во знак на револт заради, како што велат, потиснување на правото на слободно гласање, попладнево, од 19 часот, маршираат Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада, а планирано е да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија. „Токму пред …

Алијанса за Албанците и Алтернатива маршираат за демократија Read More »

Во текот на викендот во Грција регистрирани 116 шумски пожари


За 48 часа, односно од петокот во 19 часот заклучно со вчера во исто време, во Грција биле регистрирани вкупно 116 шумски пожари на различни локации, во кои интервенирале речиси 2.000 пожарникари со над 750 возила, јави дописничката на МИА од Атина. Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека поголемиот број од пожарите брзо биле …

Во текот на викендот во Грција регистрирани 116 шумски пожари Read More »

Гонзалес Лаја: Шпанија е безбедна и за Шпанците и за туристите


Шпанските власти тврдат дека пандемијата на коронавирусот во земјата е под контрола, откако Велика Британија воведе задолжителен карантин за сите туристи кои се враќаат од неа. Неодмана дојде до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус во Шпанија, откако властите ги олабавија рестриктивните мерки за борба против пандемијата. Некои региони во земјата сега повторно …

Гонзалес Лаја: Шпанија е безбедна и за Шпанците и за туристите Read More »

Првиот наводно позитивен случај на Ковид-19 во Северна Кореја не е инфициран


Нема индиции дека бегалецот од Северна Кореја, кој се вратил во таа земја, е заразен со корона вирус, соопштија јужнокорејските здравствени власти. Претходно, Пјонгјанг соопшти дека момчето кое ги преминало границите на двете соседни земји би можело да биде првиот случај на инфекција со Ковид-19 во Северна Кореја. Јужнокорејските власти го идентификувале 24-годишното момче, кое …

Првиот наводно позитивен случај на Ковид-19 во Северна Кореја не е инфициран Read More »

Клиника за инфективни болести: Физикална терапија кај пациентите со Kовид


Третманот на пациенти болни од Ковид-19 бара мултидисциплинарен и сеопфатен пристап од првата средба со здравствениот работник, па се до неговото заминување. Од Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека секој пациент добива третман соодветен на неговата здравствена состојба. Кај пациентите кои се хоспитализирани на Инфективната клиника освен терапиите против Ковид-19, неизоставен дел …

Клиника за инфективни болести: Физикална терапија кај пациентите со Kовид Read More »

(Видео) Загреб повторно потопен


  Во неделата во 19.30 часот Загреб, главниот град на Хрватска, повторно беше погоден од невреме со грмотевици и силен ветар. Покрај силниот дожд паѓаше и град. Дождот предизвика проблеми на главните сообраќајници. Zagreb opet pliva! Nevrijeme je potopilo Ilicu, odnijelo i skeluhttps://t.co/LwfVDb3S7P pic.twitter.com/fXUNFWee9R — 24sata (@24sata_HR) July 26, 2020 За среќа, за разлика од …

(Видео) Загреб повторно потопен Read More »

Во Косово заразени уште 220 лица со Ковид-19, починаа осум пациенти


  Во Косовопочинаа уште осум лица од последици од корона вирусот, а регистрирани се уште 220 нови случаи. Бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 177. Инстиутот за јавно здравје во Приштина сооpшти дека се тестирани 472 примероци. Најмногу позитивни случаи се регистрирани во подрачјето на Приштина. Вкупниот број на заразени во Косово од …

Во Косово заразени уште 220 лица со Ковид-19, починаа осум пациенти Read More »

Прекршочна пријава за Борис Стојменов за кавгата кај „Беко“


Борис Стојменов заработи пријава по вчерашната расправија со инспекторите на Општина Центар, како и полициските службеници кои ги придружуваа. – На 25.07.2020 во 11.00 часот пред објект во градба на ул.„Даме Груев“ во Скопје, Б.С.(80) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир по член 4 и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот …

Прекршочна пријава за Борис Стојменов за кавгата кај „Беко“ Read More »

Во поток, се удави седумгодишно дете од Грушино


Во полициско одделение Арачиново е пријавено дека  вчера околу 110 часот во село Грушино од домот се оддалечил Ш.Р.(7) од истото село. Во 20.15 часот од страна на полициски службеници лицето е пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото …

Во поток, се удави седумгодишно дете од Грушино Read More »

Во Хрватска нови 65 заболени, починаа тројца


  Во изминатите 24 часа забележани се 65 нови случаи на корона вирус во Хрватска, а починаа три лица, соопшти Кризниот штаб. Денеска во Хрватска има 855 активни случаи, пишува Индекс. Меѓу нив се 142 пациенти на болничко лекување, а од нив девет на респиратор. Од февруари досега во Хрватска се регистрирани 4.857 заразени, од …

Во Хрватска нови 65 заболени, починаа тројца Read More »

Се менуваат имињата на улиците во Белград – се расчистува со југословенското наследство, но „Кумановска“ останува


На предлог на заменик-градоначалникот на Белград, главниот град на Србија, Горан Весиќ, ќе се менуваат имињата на повеќе улици во градот, кои се именувани според некој град во поранешните југословенски републики. Исто така, Благоје Јововиќ, човекот кој пукал во Анте Павелиќ, според Весиќ, најголемиот злосторник на српскиот народ, ќе добие улица во Белград. За него …

Се менуваат имињата на улиците во Белград – се расчистува со југословенското наследство, но „Кумановска“ останува Read More »

Мета поддржува отворени изборни листи и бара народот да го избира и шефот на државата


Албанскиот претседател, Илир Мета, поддржува целосно отворени изборни листи,што е предлог на обединетата опозиција, затоа што, според него, тоа е единствен начин да се врати парламентаризмот во земјата. Во објавата на Фејсбук Мета потенцира дека народот ќе ги избере пратениците многу подобро отколку  партските лидери, кои „ги претворија пратениците во деструктивни карикатури од јавен интерес, …

Мета поддржува отворени изборни листи и бара народот да го избира и шефот на државата Read More »

Италија може да очекува нов бран на вирусот од август


Италија би можела да се соочи со нов бран на пандемијата од Ковид-19 веќе од август, а не како што се најавува од септември или октомври. На ова предупредува професорот Андреа Крисантини, микробиолог од Универзитетот во Падова. Тој е автор на успешниот модел на ограничување на ширењето на корона вирусот, таканаречен модел „Венето“, кој се …

Италија може да очекува нов бран на вирусот од август Read More »

(Видео) Насилни демонстрации во Денвер: Еден ранет во пукање


  Насилни демонстрации против полициска бруталност и расна неправда се одржаа во Денвер, Колорадо, јави АП. Според медиумите, возило влетало во демонстрантите на автопат, а еден од демнстрантите пукал, при што ранил друг човек.. Тој е пренесен во болница и е во стабилна состојба. Возилото е отшлепувано на форензичка анализа, а властите прогласија незаконско собирање …

(Видео) Насилни демонстрации во Денвер: Еден ранет во пукање Read More »

Светски архитекти во октомври ќе учествуваат на „Проект Скопје“


Тридневен настан „Проект Скопје“ ќе се одржи од 21 до 23 октомври со учество на светски архитекти кои ќе разговараат за моќта на архитектурата и урбанизмот.  Архитекти од Јапонија, Холандија и САД, 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје, повторно ќе бидат во главниот град. Настанот ќе го организира Архитектонскиот факултет при УКИМ  …

Светски архитекти во октомври ќе учествуваат на „Проект Скопје“ Read More »