Двајца загинаа во сообраќајки, повеќемина повредени


Илустрација

 

Пешак и мотоциклист се двете жртви, кои во неделата загинаа в сообраќајни незгоди во Македонија. Имено, пешакот бил прегазен со автомобил на скопската обиколница, а мотоциклистот загинал при судар со автомобил во Радовишко.

Во неделата, околу 10.10 часот на автопат Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за село Кондово, патничко возило „бмв Х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(70) од село Мојанци, Скопско. По незгодата, Т.Н. бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Истиот ден, во 16.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – планина Плачковица, на место викано „Еренџе“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Е.(38) од Радовиш и патничко возило „голф“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Радовиш. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип, каде им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобиле И.А. и сопатниците В.Ј.(28) и М.С.(25), кои биле пренесени на лекување во Медицински центар Штип. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Во 13.45 на патот Битола – Пелистер, на пат за Голема ливада, патничко возило „даеву матиз“, со битолски регистарски ознаки, управувано од К.И.(74) од Битола, изгубило контрола и удрило во дрво. Во незгодата, сопатничката И.Н.(69) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Битола, каде била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Околу 10.30 часот на крстосница од ул.„Јустинијан Први“ со ул.„Славка Динкова“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(46) од село Студеничани и патничко возило „фолскваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од село Студеничани. Во незгодата, со повреди се здобиле возачот А.М. и шестгодишник, додека А.А.(30) од село Студеничани се здобила со тешки телесни повреди, и двајцата сопатници во возилото „фолскваген голф“. Повредите се констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредените биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.