На Нов Зеланд прва пресуда за робовладетелство


Судот на Нов Зеланд го осуди на 11 години затвор 66-годишен Џозеф Матамата од Самоа поради робовладетелство.

Тој изминатите 24 годиниа ги намамувал жителите на Самоа ветувајќи им добро платена работа, а потоа мигрантите работеле без надомест на неговата фарма и во неговито дом, а ако одбиеле биле претепувани.

– Случајот со трговецот на робови Џозеф Матамата ја откри тажната реалност дека трговијата со луѓе и ропството не се проблем некаде таму туку постојат и на Нов Зеланд, изјави адвокатот на жртвите.

Матамата треба да плати и 183.000 новозеландски долари (околу 122.000 американски долари) компeнзација на 13 жртви, од кои најмладиот кога пристигнал на Нов Зеланд имал 12 години.

Тоа е прво дело за робовладетелство во историјата на Нов Зеланд.