Алијанса за Албанците и Алтернатива маршираат за демократија


Во знак на револт заради, како што велат, потиснување на правото на слободно гласање, попладнево, од 19 часот, маршираат Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада, а планирано е да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија.

„Токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава, која ги започнува преговорите за членство во ЕУ, не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ”, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска, наведувајќи дека за да се избегне каква било можност за инфекција, маршот ќе се одвива со заштитни маски и одржување дистанца.