Прекршочна пријава за Борис Стојменов за кавгата кај „Беко“


Борис Стојменов заработи пријава по вчерашната расправија со инспекторите на Општина Центар, како и полициските службеници кои ги придружуваа.

– На 25.07.2020 во 11.00 часот пред објект во градба на ул.„Даме Груев“ во Скопје, Б.С.(80) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир по член 4 и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, така што се однесувал дрско и непристојно кон инспектори од Секторот за Инспекциски работи од општина Центар, а омаловажувал и полициски службеници кои извршувале службени задачи – се вели во полицискиот записник.

Инаку, тој е инвеститор на објектот што се гради на местото на поранешно „Беко“. Поради мораториумот за градба на Општина Центар, тој објект треба да е во мирување, но неколкупати е пријавувано дека интензивно се гради за време на викенди, кога инспекторите на работат.

Во една таква ситуација вчера, дојде до расправија меѓу Стојменов, инспекторите и полицијата.