(Видео) Насилни демонстрации во Денвер: Еден ранет во пукање


 

Насилни демонстрации против полициска бруталност и расна неправда се одржаа во Денвер, Колорадо, јави АП.

Според медиумите, возило влетало во демонстрантите на автопат, а еден од демнстрантите пукал, при што ранил друг човек.. Тој е пренесен во болница и е во стабилна состојба.

Возилото е отшлепувано на форензичка анализа, а властите прогласија незаконско собирање и наредија на демонстрантите да се разидат.

Во предградието на Денвер, Аурора, демонстрациите почнаа по убиството од немарност на осомничениот Афроамериканец Елајџа Меклејн (23), кого полицајците фо привеле додека се враќал од работа, а потоа го однеле во брза помош, каде лекарот, на барање на полицијата му далл инјекција за смирување, која се покажа смртоносна.