Мета поддржува отворени изборни листи и бара народот да го избира и шефот на државата


Албанскиот претседател, Илир Мета, поддржува целосно отворени изборни листи,што е предлог на обединетата опозиција, затоа што, според него, тоа е единствен начин да се врати парламентаризмот во земјата.

Во објавата на Фејсбук Мета потенцира дека народот ќе ги избере пратениците многу подобро отколку  партските лидери, кои „ги претворија пратениците во деструктивни карикатури од јавен интерес, правната држава и демократија“.

Исто како што ги избираат пратениците, додава Мета, народот мора во иднина директно на непосредни избори да го избира и претседателот на Републиката.

Потенцира дека е време Албанците да изберат и да зборуваат сами за себе.

„ Време е Албанците да избираат и да зборуваат сами. Суверенитетот во Република Албанија му припаѓа на народот, напиша Мета, индиректно одговарајќи му на премиерот Еди Рама кој изјави дека единствената институција што го претставува суверенитет на народот е Собранието.

Албанскиот Парламент во четвртокот ја усвои изборната реформа, договорена од Политичкиот совет во кој членуваат претставници на владејачкото мнозинство, паламентарната и вонпарламентарната опозиција.

Но, остана со подзаконски акти да се реши барањето на опозицијата за отворени листи и на владејачкото мнозинство за укинување на изборните коалиции,за што, пак, се потребни и измени во Уставот.