Италија може да очекува нов бран на вирусот од август


Италија би можела да се соочи со нов бран на пандемијата од Ковид-19 веќе од август, а не како што се најавува од септември или октомври.
На ова предупредува професорот Андреа Крисантини, микробиолог од Универзитетот во Падова.
Тој е автор на успешниот модел на ограничување на ширењето на корона вирусот, таканаречен модел „Венето“, кој се состоеше во масовно тестирање на граѓаните, благодарение на што тој италијански регион забележа релативно мал број заразени и починати од Ковид-19, во однос на соседните провинции.
Професорот Крисантини вели дека необично е што сега во Италија е забележан релативно мал број заразени, додека ситуацијата во сите соседни земји е поинаква и бројот на заразени расте.
„Не би сакал да ширам песимизам, но имам некои дилеми. Можно е да сме најдобри, но исто така, можно е да не ги тестираме сите кои би требало“, вели тој
Тој препорачува масовно тестирање како превенција.

„Масовното тестирање сигурно чини, но потценувањето на ризикот од повторно ширење на заразата може  да не чини повеќе и финансиски и во човечки животи“, вели професорот.