(Видео) Загреб повторно потопен


 

Во неделата во 19.30 часот Загреб, главниот град на Хрватска, повторно беше погоден од невреме со грмотевици и силен ветар.

Покрај силниот дожд паѓаше и град. Дождот предизвика проблеми на главните сообраќајници.

За среќа, за разлика од петокот кога силен дожд паѓаше час и половина, денеска траеше околу 20 минути, но сепак, низ градот се слушаат противпожарни сирени.