Серискиот убиец од Старо Нагоричане влезе во судница – гледаше во таванот и не признава вина


Во судница денеска почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и две убиства во обид на повозрасни жени во Кумановскиот регион. На почетокот на рочиштето обвинетиот не одговараше на прашањата на судијата, по што беше дадена кратка пауза. Неговиот адвокат објасни дека Бојковски се вознемирил од камерите и од присуството на повеќе лица […]

Гигантската триумфална порта на Трамп во Вашингтон уште чека „зелено светло“


Вашингтон — Плановите на претседателот Доналд Трамп за изградба на порта што ја менува силуетата во главниот град на државата добива уште еден преглед од федералната комисија чие одобрение му е потребно, но персоналот на агенцијата вели дека проектот треба да се ревидира пред да добие зелено светло. Националната комисија за планирање на Вашингтон се […]

По шокот на Ќафасан со функционерите Влен бара објаснување од Албанија


  Неочекуваниот „инцидент“ на граничниот премин Ќафасан“ кон Албанија предизвика вознемиреност во Влен бидејќи таму беа задржани тројца функционери на партијата од албанската гранична полиција наводно без образложение. Во групата биле координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Тие биле задржани околу еден час, […]

Хуманитарецот што организираше проекции на Светското првенство во Газа убиен во израелски напад


Палестински хуманитарен работник кој организирал проекции на натпревари од Светското првенство во Газа беше убиен во израелски ракетен напад непосредно пред натпреварот помеѓу Египет и Аргентина во вторник вечерта. Двајца браќа на возраст од осум и десет години и уште еден маж кој бил на улицата во близина на местото на нападот, исто така, беа […]

За внесување алкохол во собите на студентските домови следува забрана за живеење таму


Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом. Со законските измени, […]

Власта одби востановување две државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“


 Предлогот да се востановат две нови државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ не ја доби потребната поддршка на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.  Предлогот беше поднесен од страна на опозицијата, но немаше доволно гласови за да помине во понатамошно читање. Со предлогот се бараше востановување на […]

Новиот непријател на НАТО е термометарот


Екстремната топлина сè повеќе ги загрозува плановите на НАТО додека главниот фокус на лидерите на алијансата во Анкара е исполнување на обврските преземени во 2025 година за значително зголемување на трошоците за одбрана. Рекордните температури што ја зафатија Европа во текот на изминатиот месец, сепак, покажуваат дека територијата што ја штити НАТО сега е многу […]

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал


 Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово оцени дека Северна Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата. Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за […]

Бони Тајлер неодамна беше оперирана од слепо црево, заврши во кома по компликации


Фаро – Бони Тајлер, велшката пејачка со препознатлив рапав глас која стекна светска слава со хитовите „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, почина. Имаше 75 години. Почина поп-иконата Бони Тајлер (75), препознатлива по моќниот, рапав глас Беше во индуцирана кома по итна операција Пејачката во последните месеци […]

Трамп импресиониран од Украина, најавува поголема воена помош


  Неодамнешните успеси на Украина во војната со Русија го импресионираа Доналд Трамп. На самитот на НАТО во Анкара, тој дури ја спореди моменталната ситуација со неговата средба со Володимир Зеленски во Белата куќа во февруари 2025 година, кога Трамп изјави дека украинскиот претседател „нема карти“ да игра против Русија. „Тешко е да се поверува, […]

Почина поп-иконата Бони Тајлер (75), препознатлива по моќниот, рапав глас


Фаро – Почина поп-иконата од 80-тите, со моќен, рапав глас, најпозната по хитовите „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“. Имаше 75 години. Веста беше објавена на нејзината официјална веб-страница. Велшката поп-ѕвезда, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, […]

Заврши драмата на демократите во Мејн, Греам Платнер ја прекина кампањата за сенатор


  Греам Платнер, демократскиот кандидат за американскиот Сенат во Мејн, ја суспендира својата кампања по обвинувањата за сексуален напад. Платнер ја објави својата одлука во 11-минутно видео објавено на социјалните медиуми во средата вечерта, во кое гневно ги обвини демократските естаблишменти и корпоративните медиуми дека „ги користат овие обвинувања за да ни ги одземат сите […]

Левица: Со нов Изборен закон власта ќе има 4 милиони евра, без него – десет милиони!


  Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе, се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од опозициската Левица.  „Партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводеше Работната група и го предложи текстот на законот […]

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија


Заедничките гранични контроли One Stop веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Албанија е заокружен процесот на воспоставување на овој современ систем со сите соседи кои не се дел од Шенген зоната – соопшти Министерството за внатрешни работи. Со имплементацијата на One Stop системот, како што се […]

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите


Во рамки на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вечерва во Општина Карпош беше спроведена акцијата – „Соседска патрола“. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на ПС Карпош, Стефан Тасевски, началникот на ОКР, Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани […]

Епски спектакл доаѓа во кината. Не се сеќаваме кога филм собрал вакви имиња


По „Опенхајмер“, добитник на Оскар, режисерот Кристофер Нолан се враќа со уште еден голем филмски проект. Овој пат тој ја носи една од најпознатите приказни во историјата на литературата, „Одисеја на Хомер“, на големото платно. Станува збор за епска авантура што го следи долгото и опасно враќање на Одисеј дома по Тројанската војна. На ова […]

Лишен од слобода албански државјанин, при претрес на граница пронајдена дрога


На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.   […]

Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром


Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени […]

Нова уредба за квалитетот на горивата, ќе има поголеми стандарди


  Стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар, соопштува Министерството за енергетика. Новата Уредба се носи по 19 години. Со неа се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа […]

Во Германија повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со горештините за време на јунскиот топлотен бран


Околу 5.100 луѓе починаа во Германија од причини поврзани со горештините за време на топлотниот бран во јуни, покажуваат проценките на Институтот „Роберт Кох“. Како што пренесе ДПА, државниот институт за јавно здравје на Германија ја објави оваа проценка во денешниот најнов неделен извештај за смртноста поврзана со високите температури. Германија се соочи со неколкудневни […]