Власта одби востановување две државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“
Предлогот да се востановат две нови државни награди – „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ не ја доби потребната поддршка на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Предлогот беше поднесен од страна на опозицијата, но немаше доволно гласови за да помине во понатамошно читање.
Со предлогот се бараше востановување на двете награди поради значењето на двајцата културни дејци. Наградата „Блаже Конески“, според предлогот, требаше да се доделува на 19 декември, а наградата „Ремзи Несими“ во втората половина на декември. Вкупниот награден фонд за двете награди требаше да изнесува околу 830 илјади денари.

Бисера Костадиновска-Стојчевска, која го образложи предлогот, рече дека поради тоа што предлогот има финансиски импликации како пратеничка група имаат поднесено амандман на ребалансот со кој се бара да се одвојат средства за оваа намера за наградите да се доделат до крајот на годинава.