Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години во Гази Баба
„Иако првично мерката беше наменета за лица до 29 години, по детална анализа и препознавање на реалните потреби на младите, ја зголемивме старосната граница до 35 години, со што опфаќаме уште повеќе семејства кои сакаат да го изградат својот сопствен дом“, вели тој.
Ова право може да го остварат лицата кои имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето, да се жители на Општина Гази Баба, да градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост, објектот да се гради исклучиво за лични станбени потреби, да поднесат комплетна техничка документација согласно Законот за градење и да достават изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку 10 години.
Со оваа мерка, вели Стефковски, ги стимулираме младите да останат тука, во нашата општина, да создадат свој дом, своја иднина и своја приказна – токму во Гази Баба.
„Ги повикувам сите млади брачни парови да ја искористат оваа можност и да го направат својот следен чекор кон својот дом, своето семејство и својата иднина“, вели Стефковски.