Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода


Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба, Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, реагира Левица околу актуелните случувања. -Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по […]

Жена на Крк удрена од гром додека носела чадор за сонце


Жена била погодена од гром на Крк утрово за време на грмотевици што зафатиле делови од Кварнер. Жената била пренесена во Риечкиот болнички центар и се наоѓа на одделението за интензивна нега, потврди здравствената установа. Како што се испостави, несреќата се случила околу 7:10 часот наутро на плажата во Башка. Таа била погодена од гром […]

Никола Пановски: Криењето на резултатите за водата во Гостивар е кривично дело


  Професорот Никола Пановски за „Слободен печат“ вели дека тоа што Обвинителството и здравствените власти – ИЈЗ и Министерството за здравство знаат какви се резултатите од испитаната вода во Гостивар а не ги кажуваат, претставува кривично дело, бидејќи на таков начин, според професорот спречуваат да се лекуваат граѓаните. Според него, јавното здравје, па дури и […]

Јанша притисна, ЕУ ја повлече кандидатурата на Тања Фајон за претставник за Сахел


  Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ја информираше поранешната словенечка министерка за надворешни работи, Тања Фајон дека, поради притисок од словенечката влада и Европската народна партија (ЕПП), таа ја повлекла нејзината номинација за специјален претставник на Европската унија за Сахел, изјави Фајон денес за агенцијата СТА. Во таа прилика, […]

Маѓар ја предлага прочуената шахистка Јудит Полгар за претседател на Унгарија


  Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, објави планови да ја замоли Јудит Полгар, која се смета за најголема шахистка на сите времиња, да ја преземе во голема мера церемонијалната улога на претседател. Маѓар рече дека ќе се сретне со Полгар во понеделник за да разговараат за ова прашање. „На нашата земја ѝ се потребни единство, мир […]

20 јули во историјата – Нил Армстронг стапна на Месечината


  Во 22,56 минути и источно американско време и 04,56 часот по средноевропско време, американскиот астронаут Нил Армстронг, 390.000 километри од Земјата, им ги кажува овие зборови на повеќе од милијарда луѓе кои слушаат дома: „Ова е еден мал чекор за човекот, а еден огромен исчекор за човештвото“. Слегувајќи од лунарниот модул „Игл“, Армстронг стана […]

„Не знам во кој филм е премиерот“: Професорот Гордан Калајџиев за европскиот извештај за владеење на правото


  По остриот извештај на Европската комисија за владеењето на правото во Македонија премиерот Христијан Мицкоски рече дека тој бил најдобар документ досега и нагласи: „Ќе продолжам со критики за правосудството, пари нема да добијат“. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на ова реагира со зборовите: „Не знам во кој филм живее премиерот“. Во изјава за порталот […]

Пет вечери нов европски филм под отворено небо, покрај Охридското Езеро


Beach Film Festival, фестивалот на нов европски филм, се враќа во Охрид од 22 до 26 јули 2026 година со своето деветто издание. Пет дена, четири локации и десетици филмови под отворено небо — на плажа, на брод и покрај езерото — ќе го претворат Охрид во летна филмска сцена. Годинашното издание носи официјална селекција […]

Владата ќе обезбедува по три шлепери вода за Гостивар


 За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода,  во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, информира денеска на прес-конференција Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на […]

Занаетчиите бараат мерките од Оперативниот план да бидат подостапни


Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, му порача денеска Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Ристески одржа состанок со претставниците на Комората, на кој стана збор […]

Говор место акција: Сите му се чудеа на Том Круз на СП


Њујорк – Говорот на Том Круз пред финалето на Светското првенство во 2026 година предизвика мешани реакции кај гледачите. Актерот се појави на теренот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси непосредно пред натпреварот помеѓу Аргентина и Шпанија и одржа говор за единството, но тонот и содржината не беа по сечиј вкус. Разговор за единството Круз […]

Собранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври


Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на […]

Енди Бернам стана нов британски премиер


  Енди Бернам формално стана премиер на Велика Британија откако се сретна со кралот Чарлс во Бакингемската палата, четвртата личност што ја извршува оваа функција за помалку од четири години и шестата во рок од една деценија. Бернам, кој ја презеде функцијата од Кир Стармер како лидер на Лабуристичката партија во петокот, го прифати назначувањето […]

Џастин Бибер ја заспа публиката на СП,  Шакира ја разбуди


Њујорк – Настапот на Џастин Бибер на премиерното шоу на полувремето во историјата на финалето на Светското првенство предизвика бројни негативни коментари на социјалните мрежи. Гледачите ја критикуваа неговата изведба на акустичната балада, која ја оценија како сосема несоодветна за енергијата на еден таков спортски спектакл. Приспивна песна наместо спектакл Канадскиот пејач ја избра бавната, […]

ЕУ го казни „Алиекспрес“ со 550 милиони евра


Европската комисија го казни „Алиекспрес“ со 550 милиони евра за неефикасно спречување на продажбата на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Овој потег е дел од пошироката акција на ЕУ против кинеските онлајн трговци на мало, што вклучува построги проверки и нови увозни такси за платформи за брза мода како што се „Тему“ и „Шеин“, објави […]

Новиот министер за правда прво се сретна со в.д. амбасадорката на САД


  Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, в.д. амбасадорка на САД во Македонија, на која била потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата, како што соопшти МП, се разговарало за клучните приоритети на Министерството за […]

Цената на суровата нафта Брент над 90 долари, загриженоста за Ормускиот теснец расте


Цените на нафтата пораснаа во понеделник, бидејќи застојот меѓу САД и Иран ги зголеми загриженостите за прекини во снабдувањето со енергија преку Ормускиот теснец, по уште една рунда американски напади и жртви од американската војска. Меѓународната референтна цена на суровата нафта Брент за испорака во септември порасна за околу 2,54% на над 90 долари за […]

Германците го објавија воениот пат на Александар Вучиќ во Сараево. Што правел на Еврејските гробишта?


  Во статијата „Снајперисти на eврејските гробишта“, објавена во викенд изданието на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), се наведува дека Александар Вучиќ, како млад волонтер, „служел на злосторничката политика во Сараево“, пренесува Дојче веле. Авторот Михаел Мартенс го започнува својот обемен текст со историјата на еврејската заедница во Сараево, која беше речиси целосно уништена во холокаустот. […]

Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери кои ќе заработуваат на грбот на граѓаните


 Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно […]

Од знаење до пракса: во соработка со ТИТАН Усје студентите се запознаваат со современи градежни решенија


ТИТАН Усје продолжува да инвестира во развојот на идните инженерски кадри преку активности што го поврзуваат академското образование со практичната примена на знаењето. Во рамки на оваа заложба, 28 студенти и професори од Градежниот факултет реализираа стручна студиска посета во Солун, Грција. Делегацијата беше предводена од главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николаoу, заедно […]