Општина Гази Баба гради четири нови детски градинки: Ќе нема повеќе листи на чекање


Општина Гази Баба продолжува со инвестиции во предучилишното образование преку изградба на четири нови детски градинки, со цел да се обезбедат повеќе места за згрижување на децата и да се намали недостигот од капацитети. Првиот човек на општината Бобан Стефковски информираше дека изградбата на градинката во Трубарево е целосно завршена и веќе згрижува 60 деца. […]

„Кроација рекордс“ доби нов директор


Загреб – Од 1 јули 2026 година, Марио Ковач е новиот директор на „Кроација рекордс“, најголемата во регионот и најстарата издавачка куќа во Хрватска. Тој доаѓа на оваа позиција по повеќе од две децении кариера во музичката индустрија, во текот на кои работел во дискографија, телевизија, музичка продукција, маркетинг и организација на музички настани. Образование […]

Луѓето масовно ја навредуваат Аргентина по СП2026. Поради тоа, Милеи потпиша извршна уредба


По поразот во финалето на Светското фудбалско првенство, што во Аргентина поттикна  уверувања дека земјата станала мета на бран омраза, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи потпиша итен декрет со кој им се дава на властите овластување да забранат или протераат странски државјани кои поттикнуваат дискриминација или насилство врз Аргентинците поради нивната националност. Уредбата е одговор на неколкунеделните […]

„Одисеја“ го победи „Ѓаволот носи Прада 2“ по заработката


„Одисеја“ на Кристофер Нолан продолжува да доминира на глобалните бокс-офиси, достигнувајќи уште еден значаен успех помалку од две недели по премиерата во киносалите. Историскиот еп сега го надмина „Ѓаволот носи Прада 2“ во светската заработка, што го прави еден од филмовите со најголема заработка во 2026 година. „Одисеја“ станува четвртиот најголем филм во 2026 година […]

„Сен Лорен“ отвори кафуле во свој познат бутик во Париз


Париз – Париз доби уште едно место каде што високата мода, современиот дизајн и омиленото хоби на Французите – кафето, се совршено споени. Имено, француската луксузна куќа „Сен Лорен“ (Saint Laurent) отвори кафуле во рамките на својата позната концептуална бутик-галерија „Рив Дроат“ (Rive Droite), сместена во срцето на француската престолнина. Новото Кафе „Сен Лорен“ брзо […]

Амазон годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за зајакнување на инфраструктурата за вештачка интелигенција


Амазон вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција, наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет, јавува ДПА. Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичари ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на […]

И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода


По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување.  Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага […]

Културна титула, некултурна намера


Културната титула треба да носи достоинство, отвореност и европска мерка, додека пак некултурната намера почнува кога зад неа се бара простор за трошење 21 милион евра без целосна јавна контрола. Обидот во Собранието  „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ да се турка низ „посебен модел“ е удар врз самата смисла на проектот. Тоа […]

Погледнете како изгледа мапата со ризик од пожар во Македонија


Марјан Здравковски, геоинформатичар во ИГЕА и магистер по технички науки од областа на геодезијата, во рамки на курсот „Python for AI“ креира детална аналитичка мрежа која го визуализира нивото на ризик од пожари на целата територија на државата за месеците јули, август и септември 2026. Неговиот професионален интерес е насочен кон изучување на современите технологии, […]

Русија нападна американска фабрика за дронови во Киев


Руски балистички проектил на 24 јули погодил фабрика за производство на дронови во Киев, која е во сопственост на американската компанија „Терминал Аутономи“ (Terminal Autonomy), регистрирана во американската сојузна држава Делавер, објави британскиот весник „Гардијан“. Според медиумот, ова би можел да биде првиот случај од почетокот на војната Русија директно да нападне објект што е […]

Грците имаат море, а половината не можат да си дозволат одмор


Според Евростат, 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор во 2025 година. Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење. Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во […]

Украина нападна уште два магацини на „Вајлдберис“ и две рафинерии за нафта


  Во ноќта на 31 јули, украинските беспилотни летала започнаа масовен напад врз регионот Волгоград, според регионалниот гувернер Андреј Бочаров. „Како резултат на нападите со беспилотни летала, пожари беа откриени преку ноќ во индустриски објект во секторот за гориво и енергија на југот на Волгоград, како и во магацини во округот Џержински“, истакна гувернерот. Дополнително, […]

„Профундис“ и Стефан Миленковиќ на „Охридско лето“ на 6 август – илјадници свеќи ќе го осветлат предворјето на „Св. Софија“


Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, во рамки на официјалната програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во магичниот амбиент на „Св. Софија“, под отворено небо и во светлината на […]

Пола Македонија отруена, а одговорни нема, реагираат од СДСМ


СДСМ преку соопштение обвини дека институциите сè уште не утврдиле одговорност за загадувањето на водите, иако, како што велат од партијата, последиците ги чувствуваат граѓаните во повеќе делови од земјата. Од партијата посочуваат дека, според неофицијални информации, во реките Лепенец и Вардар завршила хемикалија што се користи при производство на детергенти, додека, како што наведуваат, […]

Француска вечер со квартетот „Хермес“ на „Охридско лето“ – млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата


Со долги и стоечки овации беа испратени синоќа членовите на францускиот квартет „Хермес“ од  фестивалот  „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер  на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје. Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу […]

Со програма за економско зајакнување на жените Diamond Mall ќе го одбележи својот трет роденден


Со нова платформа за економско зајакнување на жените, Diamond Mall годинава го одбележува својот трет роденден, продолжувајќи ја традицијата роденденската прослава да биде повод за иницијативи што создаваат трајна вредност за заедницата. Во рамки на платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“ ќе се реализира првата програма за едукација и менторство, наменета […]

Ова се бензинските автомобили што трошат најмалку гориво во 2026 година


Купувањето бензински автомобил е сè уште најисплатливата опција за возачите што не возат голем број километри годишно. Како по правило, ваквите модели имаат најниски почетни цени и поповолни трошоци за одржување, а благодарение на благите хибридни системи, нивната потрошувачка денес е значително помала отколку пред неколку години. Italian Motor1 објави листа на бензински автомобили со […]

Хамас потврди дека е постигнат договор за негово разоружување


Хамас потврди дека е постигнат договор за втората фаза од примирјето со Израел, за разоружување на движењето и на другите милитантни групи во Појасот Газа. Членот на преговарачкиот тим на Хамас, Гази Хамад изјави дека се направени „отстапки за доброто на нашиот народ во Појасот Газа, за да го спасиме од смрт и раселување“. Тој […]

Гувернерот на Шведската централна банка, Ерик Тедеен: Независноста на централните банки е предуслов за одржување ниска и стабилна инфлација


Една од темите за која во последно време сѐ почесто се зборува е независноста на централната банка, што е можеби најважниот предуслов за одржување на довербата и стабилноста во монетарната политика. Причината поради која спроведувањето на монетарната политика им е доверено на независните централни банки е тоа што институциите што носат самостојни одлуки полесно обезбедуваат […]

На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи – запленети 64 илјади евра


Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд – информираат од Царинската управа.  Во конкретниот случај, […]